Филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан доби Оскар за најдобар филм. Тој освои вкупно седум признанија: самиот Нолан ја доби наградата за најдобар режисер, Килијан Марфи беше награден како најдобар машки актер, а Роберт Дауни Џуниор ја доби наградата за најдобра споредна машка улога. Филмот имаше 13 номинации за Оскар, повеќе од која било друга продукција.
Акцент на вечерта беше присуството на голем број наградувани, легендарни актери на едно место, кои ги презентираа признанијата; настапот во живо на Рајан Гослинг со песната „Јас сум само Кен“ (во придружба на гитаристот Слеш), како и присуството на специјален гостин - кучето Меси од „Анатомија на падот“.
Ал Пачино го расипа прогласувањето на најдобриот филм со тоа што пропушти да ги најави сите кандидати туку директно го отвори ковертот со победникот.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката, на предлог на Ректорската управа, денеска, во очи на роденденот на овој великан на македонската драма – 27 април, ја донесе Сенатот на УКИМ, по што ќе започне постапката за носење на основачките акти и избор на органите на Фондацијата.
Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија. Во органите на Фондацијата, освен претставниците на академската заедница и на семејството на Стефановски, ќе партиципира и Драмскиот театар од Скопје, на чија сцена драмите на овој автор ги доживеаја најголемите успеси.
Фондацијата ќе обезбеди стипендирање на образованието во сите степени на талентирани ученици и студенти во областа на драмските уметности, поддршка и унапредување на талентираните ученици, студенти и млади кои аматерски се занимаваат со филм и театар. Исто така, таа ќе го поттикнува и поддржува неформалното образование за создавање драми, ќе организира едукативни дебати, работилници и семинари, уметнички и научни конференции, како и хуманитарни проекти од сценскоизведувачка и аудиовизуелна природа за поддршка на ранливи категории.
Документарец на „Дома“ - едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии, во соработка со DW Europe, за редок вид кој се појавува на лето над селото Плетвар, пеперутката Сивка која игра огромна улога во локалниот еко-систем на опрашувач.
Една од опасностите што им се заканува е што 5 од 7-те локации кои се нејзин дом се претворени во каменоломи за мермер. Но втората опасност е уште поголема, а тоа е трговијата со неа од страна на ловци кои потоа ја продаваат во форма на препариран трофеј, за само 30 евра.
Авторите на филмот ги нарачуваат овие примероци преку интернет и успеваат да ги добијат. Ова се случува и покрај тоа што во 2011, сивката е заштитена со закон во Македонија, со што се забранува нејзиниот лов и продажба. Кој е одговорен за кршењето на законот и како оваа пеперутка од тн. „Црвена листа“ која е необврзувачка за другите држави, да се најде на списокот загрозени видови кои би биле заштитени и во странство, како и онлајн?