Како еден наш омилен медиум ни стана бљак

Во првите години на овој сајт, американското јавно радио НПР, заедно со Салон, Атлантик, Ролинг Стоун... ни беа еден од најчесто користените извори на информации. Денес, ретко и да ги отвораме. Во меѓувреме се случи Трамп, пандемијата, диверзитетот... и многу нешта се променија во медиумските профили. Уреднички ветеран во НПР ни потврдува дека не сме биле сами и не без врска сме се оладиле од тој медиум.

Залудноста на војната во Украина стана очигледна

Најголемата трагедија на руско-украинската војна е дека на крај ќе се покаже дека била залудна. Најверојатниот исход, територијално поместување во корист на Москва и безбедносни гаранции за Украина и Русија, ќе можеше и мирољубиво претходно да биде договорен доколку лидерите имаа пореална слика за балансот на моќта и поголема политичка храброст.

Најк претера со кратење на бодито за Олимпијада

Американските олимпијки во најразличните атлетски дисциплини му се истурија на Најк откако ги видоа новите модели на боди со кои треба да се натпреваруваат на Олимпијадата и колку материјал фали од нив на клучни места.

Речник

Од Немо па до луѓе, постојат само два пола

Испитување на 18 наводно „транс животни“ ги негира тврдењата на активистите дека сите ние живееме во небинарен родов „спектар“. Да, постојат фасцинантни механизми и адаптации кои некои суштества ги развиле во текот на еволуцијата (ниту едно од нив не е цицач), но на крајот, и кај нив постојат само два пола. На менито на природата има само М и Ж. А се разбира, секој има право да се идентификуви и како ѕиден часовник, ако сака.

Сорос донираше 60 милиони долари за ултра-прогресивните кандидати и каузи

Се работи за втората по големина донација што американските Демократите ја добиле во досегашниот дел од кампањата за изборите закажани за ноември 2024.

Франција грга руски гас

Паралелно со јуначењето на Макрон со изјави дека ќе испраќа француски војници во Украина, Франција полека стана најголемиот увозник на руски гас во Европа. Само годинава земјата и има платено на Русија 600 милиони евра за природен гас.

Off Topic

Коли крај патот

Покрај украинските автопатишта во близина на граничните премини периодов преку ноќ почнаа да никнуваат автомобили. Излезе дека новата појава е поврзана со носењето на новиот закон за мобилизација во Украина и Украинци кои се обидуваат да куртулат од истиот. Снимкава е направена во близина на Молдавија.

Писма на зачитани татковци

Потребна ни е борба против дезинформации, јавна отворена дебата и искрен разговор на темата, за да се искристализираат работите и да не бидеме жртви ниту на антиваксерска, ниту на ваксерска пропаганда. Да излеземе од положбата во која сме втурнати, меѓу чеканот и наковалната на ваксерската и антиваксерската пропаганда. Се работи за нашето најмило, бесценето богатство, нашите деца и нивниот живот и иднина.

Новите „канџи“ брзо попуштија

Американската полиција воведува нови „канџи“ за погрешно паркирани автомобили кои наместо на тркало одат на шофершајбна. За разлика од овие што се на тркало, новите се прицврстуваат за шофершајбна со лепенки. За кратко време, на некого му текнува да проба да пушти греење на шофершајбна да види што ќе се случи. Се случува одлепување.

Студио, каде не се разбираме?

Гостин на CNN, на водителката ѝ кажува дека постојат само две работи во кои апсолутно верува. Во првиот амандман (слободата на говорот) и во - цицки. Јако е колку пати нејзе не ѝ се верува дека го слушнала тоа што го слушнала па потпрашува да не не рекол случајно цицки туку грицки или мицки. А најјако е колку пати е он спремен да ѝ повтори точно кои две работи никогаш не го изневериле.

Баба Анујка: Колку е тежок вашиот брачен проблем?

Најголемиот сериски убиец на пошироките овдешни простори, нема испукано ниту еден куршум иако едно време го носи презимето Ди Пиштоња. По некои статистики потепува и до 150 луѓе, главно млади иио здрави мажи а се работи за - баба. Баба Анујка, моминско презиме Драшкин. 

Веган со кликер

Знаете дека не сме баш фанови на тревопасната исхрана ама дечково шампионски победи во аргументацијата. - И животните јадат други животни, почнува новинарката. - Да, ама 75% од нив се тревопасни. Тука таа прави навидум стандардна и добра забелешка, не сфаќајќи дека си прави замка: - Ама лавот кога ја јаде зебрата? Така ли? Елај да чуеш зошто не си баш лавица. 

Локалности

Net Roulette

Offside

Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.

Off Café

Bookbox

Неодамна известивме за необична промоција на книга - хроника на еден век надреалистичко движење кое започнало во Франција во 1924-та. Тоа во педесетите пристигнало и во Македонија. Но големите имиња на тогашната книжевна критика во најмала рака не му биле наклонети.

Кога љубезно се одбива или се одложува некаква понуда, во англискиот буквално се вели дека се зема „чек во случај на дожд“. Иако звучи како некаква метафора, изразот всушност имал прилично буквално значење.

Кога во цигарите клавале корисни пораки

Тутунските компании од времето на Првата светска војна на и во пакувањата не ставале ужасни предупредувачки пораки и слики од луѓе со рак на грло, туку нуделе илустрирани совети за тоа како да се запали чкорче на ветер, како да се избега од побеснето куче, како да се направи средство за гасење пожар итн. Сепак, некои од советите не сме сигурни дека би функционирале денес.

Синовите на Џон Ленон и Пол Мекартни издадоа заеднички сингл

Песната - акустична балада - се вика „Примроуз Хил“, автор е Џејмс Мекартни, а е произлезена од соработката со Шон Оно Ленон. На прво слушање е фина, но во моментов поинтересно ни е колку двајцата личат на татковците. 

Дали креатор на видео игра може да добие Нобелова за книжевност?

Во октомври 2016, Шведската академија објави дека добитник на високото признание за книжевност за таа година оди кај Боб Дилан, што предизвика лавина секакви коментари, вклучително и тоа дека писател би можел да конкурира за Греми. Контроверзата сепак поттикна интересна дискусија, не само за границите помеѓу поезијата и пеената песна, туку и за тоа што е воопшто книжевност. Нештата сè повеќе се комплицираат, па оттаму, зошто следен добитник да не биде и креатор на видео игра?

Off Course

Храна за возрасни

Стигнавме на дното