Балканштина

Само во Белград ли да се лета?

Во еден скорешен напад на футуристичка епифанија, Александар Вучиќ најави дека до 2027-ма година во Србија ќе има летечки автомобили и таксија. Некои пакосно реагираа со предлог прво да смислат начин како на автобусите за јавен превоз да не им испаѓаат тркалата, ама оваа советничка (мислиме дека е Лесковац), сака нејзиниот град навреме да го фати „возот.“ Така е кога ќе летне пилето. 

Женска инкарнација на Данило Бата Стојковиќ

Или ние сме подзабегале или само ни недостасува Бата (Маратонци, Ко то тамо пева, Грлом у јагоде...), тоа глумчиште кое градеше неповторливи архетипски ликови од Балканот, ама женава неодоливо нè потсети на неговиот Човоровиќ од Балкански шпион. Оди мирно, навидувам си гледа своја работа, ама само затоа што никој не ја прашал за ништо. А кога ќе ја прашаш, ете го Бата, ете ја Сека!

А им се смееја на пензионерите во Лидл

Во еден шопинг мол во Нови Сад деновиве се отвораше нова парфимерија (Сефора-Србија). На првите 100 купувачи им било ветено дека ќе добијат некое тестерче или друго поклонче. Само да ја видите гужвата на напредните генерации кои не можеа да се начудат на гужвите на старите гагаџии во Лидл. Внатре било стампедо, хоас и грабање од раце.

Опиши го Балкан со едно видео

Види што ти е држава, што ти е култура, одушевено го опишува европските автомобилски гужви извесен искусен сообраќаен кустос од Балканот, снимајќи километарска колона возила кои се упатиле онаму каде што оди и тој. Вози тој покрај нив додека овие дисциплинирано лазат во својата патека, едно време го фаќа паника дека ќе се зезне, ама сепак победа. Пошто наавниве не се лепат за оној пред нив. 

Хрватска како Ухлебистан

На Британецот Пол Бредбери му требале 13 години живеење на хрватскиот остров Хвар за да почне да сфаќа како функционира Хрватска и тамошниот култ - да се ухлебиш некаде (од македонскиот речник: ухлебие - добро место во служба). А за да се ухлебиш, небитно е знаењето, вештините или способноста туку непотизмот и партиските врски. Ете бе, со една нога веќе сме во Европа.  

Да исплакнеме очи со Европа

Немаме видео снимка како изгледа Македонија видена од воз но сигурни сме дека тоа би било жив чемер и јад. Ѕирнете некоја репортажа на Призма и ќе видите каков пустош е тоа. Но, затоа имаме снимка од друга држава, земја членка на Европската унија, снимена од воз овој април 2024 година. Не сме ист народ во две држави, туку два народа во исто срање.

Коалициски усогласувања

Класична сообраќајна тепачка илити road rage, што би рекле Енглезите. Излезени од кола, изнервирани од некоја сообраќајна ситуација, двајцата убедени дека се во право, фрчат боксови, шамари и клоци, главно во празно пошто сè тоа аматерски. За да го сфатите нашиот наслов, ќе треба до крај да ја одгледате тепачката.