Американско разузнавање:

Путин не го ликвидирал Навални

Американските разузнавачки агенции утврдиле дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно не наредил убиство на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објави Волстрит журнал. Да потсетиме, веста за смртта на Навални кој почина во руски затвор во февруари, на Запад се пренесуваше со инстантно лоцирање на убиецот во Кремљ.

47 годишниот Навални беше веројатно најжестокиот критичар на Путин а неговите подржувачи најавуваа дека ќе извадат докази дека тој во арктичкиот затвор  не починал од природна смрт како што гласеше официјалната верзија туку бил ликвидиран по наредба на Путин.

Кремљ негираше каква било вмешаност на државата. Минатиот месец Путин смртта на Навални ја нарече „тажна“ и наведе дека неговото постоење воопшто не му пречело за што сведочела и неговата подготвеноста да го предаде во операција на размена на затвореници, под услов Навални да не се враќа во Русија.

Амриканските разузнувачи денес признаваат дека смртта на Навални најверојатно не води кон Путин.

Американската проценка се заснова на низа информации, вклучително и одредени доверливи разузнавачки информации и анализа на јавно достапни податоци, вклучувајќи го и тајмингот на смртта на Навални и фактот дека таа го засени реизборот на Путин во март.

27 април 2024 - 16:27