Свет

Зелените фалсификувале експерти за да ги затвораат нуклеарките

И покрај огромните енергетски предизвици за Германија поради војната во Украина од кои нејзината економија сериозно страда, под притисок на Зелените во владеачката коалиција, лани во април Германија ја угаси и својата последна нуклеарна централа. Последиците се видливи: ММФ на земјата годинава ѝ предвидува раст од смешни 0,2%. Видливи стануваат и дубарите како е направено тоа харакири.

Полска и Литванија радо би да ловат избегани Украинци

Министрите за одбрана на Полска и Литванија, без никој да го побара тоа од нив, ветија дека ќе почнат да приведуваат и депортираат Украинци на нивна територија кои ја напуштиле Украина за да избегаат од регрутација.

Ќе чипираат и какао дрвја

Какао плантажите низ Африка моментално се зафатени со епидемија која се заканува дека ќе збрише огромен дел од глобалните залихи со какао. Едно од решенијата е вакцинирање на дрвјата.

Британија „намерно ги дестабилизира“ човековите права низ светот

Обвинувањето за британската држава доаѓа од Амнести интернешнл, а според првиот човек за човекови права на организацијата на Британија „остро ќе и се суди за неуспехот да го спречи масакрот на цивили во Газа.“

Зеленски укина конзуларни услуги за можните регрути во странство

Украина ги ограничи конзуларните услуги во своите дипломатски претставништва за мажи на возраст за регрутирање (од 18 до 60 години) кои живеат во странство, како обид на Киев да го зголеми зголеми бројот на расположиви војници во борбата против руската инвазија. Во земјите од Европската унија живеат околу 860.000 Украинци на таа возраст.

Американската Тајна служба почна да се подготвува за притворање на Трамп

Тајната служба веќе имала состаноци и почнала да планира што треба да преземе доколку Доналд Трамп биде прогласен за виновен за прекршување на судските наредби во случајот против него и судијата реши да му досуди краткорочен притвор.

Македонија е петта по ропство

Постои нешто што се вика модерно ропство. Сите оние јадници од целиот свет кои без видливи синџири на нозете, секојдневно биваат принудени или измамени на работа која не можат да ја одбијат или сменат. Постои и глобален индекс на ропство кој ги мери тие работи. На тој индекс, во рамки на Европа и централна Азија, Македонија е на високото петто место.

Америка рушелa ирански дронови повеќе од Израел

Израел како свој триумф ја славеше неодамнешната одбрана на земјата од иранските ракети и дронови кои се одмаздуваа за израелскиот напад на нивниот конзулат во Сирија. Сега испаѓа дека Американците срушиле повеќе од половината смртоносни честитки пратени од Техеран. Подоцна Израел возврати но Иран им порача дека со такви дронови кај нив деца си играат.   

Амнести ја критикуваше Европа за двојни стандарди кон Газа

Ужасната ситуација во Газа е во фокус на последниот извештај на меѓународниот Амнести во кој се критикуваат Германија (особено шефицата на дипломатијата Аналена Бербок) и другите европски држави за лицемерие и двојни стандарди во однос на тамошните страдања. Израел изведува колективна казна за сите цивили во Газа а Европа со месеци останува на тоа дека е загрижена.

Американците да и кажат фала на Америка што следи и прислушкува

Њујорк тајмс со сета своја сериозност објави текст во кој се хвалоспева и величи следењето и прислушкувањето што го врши американската разузнавачка машинерија и дома и низ светот.

ЕУ да се предомисли околу забранувањето на возила на гориво по 2035

Премиерот на Баварија, Маркус Содер, повторно побара од ЕУ да ја повлече забраната за производство на возила на фосилни горива по 2035 порачувајќи дека таа е сосема погрешна. Баварија е седиштето на БМВ и Ауди, меѓу другите.

Израелски министри знаат да смират топка ко никој

Израелскиот министер за внатрешни работи, Бен Гвир, инаку од крајно-десното крило на владата на Нетанјаху, повика на егзекутирање на палестинските затвореници за да се олесни пренаселеноста на затворите.

За европските глобални планови требаат пари што никој ги нема

Европа сака да биде и зелена и конкурентна и коректна кон сите што живеат во нејзините граници. Моментално не само што нема пари за ништо од тоа, туку нема ни одговор од каде ќе се најдат истите.

На транс-жени треба да им се забрани да се натпреваруваат против жени

На жените спортистки треба да им се даде „спортска шанса“ бидејќи нивните конкурентки родени како мажи имаат „неспорна предност“ порачува британската министерска за култура и спорт, Луси Фрејзер.

Дубаи сам си ја направи бељата?

Деновиве се појавија досега невидени и крајно неочекувани видеа од Дубаи во кои градот е комплетно преплавен од врнежи на дожд, слично на нешто што би се случило на северот од Европа или Амазон. И изгледа сами се криви за тоа.

Америка одобри нови 61 воени милијарда за Украина

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го изгласа пакетот воена помош за Украина за кој Републиканците долго се противеа а за кој Зеленски рече дека без него ќе ја изгубат војната. Од 61 милијарда долари, Американците ќе искористат 23 милијарди за да ја надополнат своите воени резерви (па после да им префрлаат). Има и 26 милијарди долари за Израел. 

Залудноста на војната во Украина стана очигледна

Најголемата трагедија на руско-украинската војна е дека на крај ќе се покаже дека била залудна. Најверојатниот исход, територијално поместување во корист на Москва и безбедносни гаранции за Украина и Русија, ќе можеше и мирољубиво претходно да биде договорен доколку лидерите имаа пореална слика за балансот на моќта и поголема политичка храброст.

Најк претера со кратење на бодито за Олимпијада

Американските олимпијки во најразличните атлетски дисциплини му се истурија на Најк откако ги видоа новите модели на боди со кои треба да се натпреваруваат на Олимпијадата и колку материјал фали од нив на клучни места.

Сорос донираше 60 милиони долари за ултра-прогресивните кандидати и каузи

Се работи за втората по големина донација што американските Демократите ја добиле во досегашниот дел од кампањата за изборите закажани за ноември 2024.

Израел го издржа иранскиот напад, ама нема да може уште долго

Само неколку ирански проектили и ниту еден од евтините дизел дронови, успеаа да ја пробијат израелската повеќеслојна противвоздушна одбрана. Ниту еден проектил не удри ништо поважно, меѓутоа нападот направи штета во форма на упадливо празнење на израелските резерви со ПВО муниција.

Може и да не се случи втор мандат за Фон дер Лaјен

Иако и понатаму е главен кандидат за позицијата претседател на Европската комисија, изведувачки е што последниов период шансите на Фон дер Лaјен значително се намалија, а притисокот допрва почнува.

Украина е тргната накај пораз

Ветувањето дека Западот ќе биде со Киев „колку долго и да треба“ звучи празно кога минале 4 недели откако твојата единица ја испукала последната артилериска граната, пишува магазинот Политико.

ММФ: Русија годинава ќе расте повеќе од сите западни економии

Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека оваа година руската економија ќе расте побрзо од сите напредни економии на светов. ММФ на Русија ѝ прогнозира раст од 3,2%, многу повеќе од Германија, Франција и Велика Британија. Едно од најгласните западни предвидувања кога се воведуваа драконски санкции за Русија беше дека тие брзо ќе ја клекнат на колена.

 

Германски министер најавува забрана за возење во викенди

Либералниот министер за транспорт стравува дека поради заглавеноста на владеачката коалиција во натегања по многу прашања (во последно време се скараа и за слонови), државата нема да може да ги исполни предвидените цели за намалување на штетните емисии од сообраќајот. Освен ако не се воведе забрана за возење во сабота и недела. На неопределено време.