- Бобан Илиоски славеше со судиска одлука против Турчинот Берк Дузенли и стана професионален светски првак во кикбокс на ВАКА ПРО, во дисциплината К1 до 88,6 килограми.
- Илиоски и Дузенли во салата „Јане Сандански“, разменија многу удари, двајцата имаа успешни акции, но нашиот ас воден и бодрен од публиката и навивачката група „Комити“ сепак го имаше последниот збор и успеа да слави над актуелниот светски аматерски првак.
- Инаку Бобан Илиоски беше прогласен за спортист на годината за 2023 година.
- Фудбалскиот сојуз на Албанија објави дека се кандидирал за организација на завршен турнир на Европско првенство за млади фудбалери до 21 година во 2027-ма година.
- Од фудбалскиот сојуз на Албанија додаваат и дека ќе му се обратат на фудбалскиот сојуз на Србија со желба двете федерации заеднички да организираат Европско затоа што немале доволно стадиони кои ги задоволуваат највисоките европски стандарди.
- Албанија во последните години бележи одлични резултати, се пласираа на две Европски првенства (2021 и 2024). Со сојузот кај нив раководи Арманд Дука кој е воедно и еден од потпретседателите на УЕФА. Тирана беше домаќин на финале на Лига Конференции во 2023 а во 2025-та ќе организира и Европско У-15.
- Македонија и официјално го доби првиот спортист кој ќе настапи на Олимписките игри во Париз кои се одржуваат летово од 26 јули до 11 август.
- Се работи за нашиот атлетичар Дарио Ивановски, кој според ранкингот на World Athletics во моментов е на 78. место во дисциплината маратон.
- Ивановски е сопственик на националниот рекорд, остварен пред три месеци на маратонот во Севиља со време од 2 часа, 8 минути и 26 секунди, што е апсолутно најдобро време во историјата на Македонија.