Се случи најдолгиот скок некогаш виден во историјата од 291 метар

Заборавете малку на Петер Превц и Штефан Крафт и погледнете го ова мега задоволство кое си го приушти Рујоу Кобајаши. Што стори бе човек?

Рујоу Кобајаши ги помести границите и постави нов светски рекорд во скијачки скокови од досега невидени 291 метар, со што го сруши стариод рекорд за неверојатни 37,5 метри.

Инаку се работи за рекорд кој ќе биде запишан како неофицијален, бидејќи е остварен на привремена скокалница на егзибициски настан на Ред Бул.

26 годишниот Јапонецот се стремеше кон 300 метри, но сепак успеа да скокне под таа првично зацртана цел.

Инаку се работи за еден од најдобрите ски скокачи на сите времиња со 66 подиуми во кариерата и вкупно 32 победи. Тој е трикратен освојувач на „Четирите скокалници“ (2019, 2022, 2024).

Актуелни официјални светски рекордери во оваа дисциплина се Штефан Крафт од Австрија кај мажите со 253,5 метри и Сиље Опсет од Норвешка со 230,5 метри кај жените.

Како изгледал првиот скок на Петер Превц на 9 години? 

25 април 2024 - 08:12