Уште една трансродова жена успешно претепа жена во ММА

38-годишната Алана Меклофлин победи во својата прва ММА борба во кариерата поразувајќи ја Селин Провост. Пред да се реши да биде ММА борец во женска категорија, Меклофлин беше машко и служеше неколку години во Ирак како специјалец во американската армија.

Борбата се одржа во организација на Комбат глобал, а како што објаснува победничката еден од најголемите предизвици било да се најде жена која ќе сака да влезе во ринг со поранешниот армиски специјалец.

Пред борбата Меклофлин ги минува сите медицински тестови и добива одобрение и од хормонскиот панел, кое задолжително го бара Државната комисија за бокс на Флорида.

Меклофлин ја порази Провост со давење од зад грб по 3 минути и 32 секунди од втората рунда.

13 септември 2021 - 11:34