- Откако и официјално Баерн Минхен и Милан ќе останат без своите актуелни тренери Томас Тухел и Стефано Пиоли, медиумите почнаа со нагаѓања околу нивните наследници.
- Сегашниот тренер на Астон Вила, Шпанецот Унаи Емери (52) е главен кандидат за нов предводник на Баерн Минхен. Покрај него се уште големи шанси има и Италијанецот од Брајтон Роберто Де Ѕерби. И двајцата прават сјајни резултати со скромни буџети и состави во Вила и Брајтон.
- За тренер на Милан конкурираат: Конте, Чави, Пауло Фонсека, Гаљардо, Серџо Консеисао, Лопетеги, Тухел, Сари и фаворитот на Ибрахимовиќ, Марк ван Бомел.
- Откако Парма обезбеди сигурен пласман во Серија А како прва во втората италијанска лига, на коло пред крајот по нивен пат би можел да тргне и Комо.
- Тренерот на Комо Франсеск Фабрегас, легендарниот фудбалер на Арсенал, Барселона и Челси, би можел да го оствари сонот чекан во Комо цели 22 години.
- Комо е втор на табела со 72 бода, а трета е Венеција со 70. Во последното коло Комо дома ја пречекува Козенца, а Венеција ќе гостува кај Специја. Во случај на триумф, клубот во кој акции имаат повеќе бизнисмени и познати фудбалски лица меѓу кои и Тиери Анри и Денис Вајс, би можел да се врати во Серија А првпат после 2002-ра година.
- Ливерпул до самиот финиш на сезоната играше одлично, но неколку слаби резултати во Премиер лига ги чинеа бодовно да заостанат зад Арсенал (83 бода) и Манчестер Сити (82 бода и меч помаку) на табелата.
- Испадна Ливерпул и од Лига Европа од Аталанта Бергамо, а останаа и со празни раце во ФА Купот.
- Навивачите во голема мера се разочарани од екипата а најмногу од скапо платениот (85 милиони фунти рекорден трансфер) Дарвин Нуњез.
- Уругваецот сезонава на 52 натпревари има 18 гола и 13 асистенции што е сосема коректен учинок, но промаши еден куп шанси кои директно го чинеа Ливерпул бодови. Поради тоа навивачите сè повеќе го критикуваат и тој ги избришал сите слики поврзани со Ливерпул од социјалните мрежи.