Ретко видена измама на Барди од слободен удар

Му тргна на Енис Барди во последно време. Две кола по ред постигнува мајсторски погодок.

По проектилот против Газијантеп, македонскиот репрезентативец одново постигнува гол, но овој пат недоволен за пресврт.

Барди стрелаше на гостувањето против Самсунспор во 32 минута и намали на 2:1, но домаќините сепак на крај ги собраа трите бода и славеа со 3:1.

Капитенот на Македонија даде гол од тешка позиција со мангупски шут кој никој не го очекуваше и го измами гостинскиот голман.

Трабзонспор е трет на табела со 58 бода, а Енис Барди има 7 гола и 4 асистенции.

5 мај 2024 - 08:38