Offside

Не е сè така розово во НБА, особено не за ликови кои не знаат да изберат девојка или можеби не знаат како во врска.

Скар на сите, не навивам повеќе за Милан

По последното, шесто градско миланско дерби во корист на Интер, сe нема повеќе нерви ниту кај децата кои навиваат за Милан.

Ма какво одложување, ние навивачите ќе го исчистиме снегот

Јаки сцени пристигнуваат од последниот меч на Цирих кој се сретна со Сент Гален. Лудиот април се обиде да им ја расипе фудбалската претстава со снег, ама не им успеа. На терен се симнаа навивачите кои создадоа услови за игра.

Чалам на колото

Насионал Монтевидео победил 2-1 против Депортиво Тахира во Копа Либертадорес а во самиот финиш можело да биде и поубедливо да не се правел Рубен Бентакур курнас.

Судија не се поништува ваков гол

Дваесет и пет годишниот ексцентричен Римјанин Џанлука Скамака има мошне интересна биографија. Почнал да тренира фудбал во Лацио па како мал отишол и во Рома. Патот го однел до Холандија и учел вештини во ПСВ Ајндховен и во Јонг ПСВ. После тоа игра за Кремонезе, Цволе, Асколи, Џенова, Вест Хем. Во август 2023-та доаѓа во Аталанта и тоа му е полн погодок.

Три врвни фудбалски стории на Џаро

Замина Велибор Џаровски-Џаро на 75 години. Легенда за сите времиња кога е во прашање темата за местенки и ред други анегдоти поврзани со фудбал, најмногу од времето во Југославија. Издвојуваме три за сега. Неповторлив лик.

Бруно Фернандеш распука од 25 метри

Манчестер Јунајтед го совлада Шефилд со 4:2 откако губеше во два наврати. Португалската ѕвезда постигна два гола, од кои едниот мајсторски.

Оуч!

За време на мечот од 3. коло во Копа Либертадорес, Боливар од Боливија со 2-1 го совлада големиот Фламенго и го задржи максималниот учинок со 3 победи и 9 бода. Лошата вечер за Фламенго ја потврди и напаѓачот Бруно Енрике со една незгодна проценка.

Ел Хаџи-Диуф немаше почит за Макрон

Некогашниот ексцентричен центарфор на Ливерпул, Сенегалецот Ел Хаџи Диуф за време на еден хуманитарен натпревар во Франција на кој учествуваа и легенди како Дидие Дешам, Марсел Десаи, Арсен Вегнер, Дидие Дрогба, Самуел Ето и Адебајор, го дриблал францускиот претседател Емануел Макрон низ нозе.

Скамака стана претплатен со мајстории за најавни шпици

Со триумфот над Фиорентина од 4:1, Аталанта е вториот финалист во Купот на Италија каде на 15 мај во Рим ќе се соочи со Јувентус. Џанлука Скамака растура во последно време. Му даде два гола на Ливерпул на гости во ЛЕ, па постигна прекрасен погодок против Верона во Серија А и еве го со нова атракција, овој пат во Купот.

Кај Чаби Алонсо нема играње со долги топки

Човек кој играл со Чави, Иниеста и Бускетс и кој бил дел од доминантната Шпанија, која ја криеше топката и која освои Европско, Светско, па пак Европско, не можеш да очекуваш да ги учи своите на тактика „Дувај ја“. Го прекина тренингот кога забележа дека некој од играчите на Баер се обидува со долги топки.

Давајте го дриблингот на Мбапе од што повеќе агли, ова е лудо

ПСЖ го декласираше Лорент на гости со 1:4 и на 4 кола до крај има +11 пред Монако, што значи уште не им е официјализирана титулата. Двојни стрелци Дембеле и Мбапе. Ако некој ве праша што значи тоа „Му го зема паметот“, пуштете му го клипов.

Се случи најдолгиот скок некогаш виден во историјата од 291 метар

Заборавете малку на Петер Превц и Штефан Крафт и погледнете го ова мега задоволство кое си го приушти Рујоу Кобајаши. Што стори бе човек?

Марсел Хиршер се враќа на снегот, ќе скија за друга земја

Триесет и шест годишниот Марсел Хиршер, осумкратен светски скијачки шампион, во 2019-та година ја прекина кариерата, а сега решил да се врати на патеките но ќе скија под холандско знаме. „Во чест на мајка ми која е Холанѓанка“, рекол Хиршер. Правилникот на светската скијачка федерација дозволува до 1. јули секој скијач да може да смени земја под чија закрила би се натпреварувал.

Првата средба меѓу Руни и Роналдо

Вејн, тогаш 16-годишен страшно талентиран во нападот на Евертон, а Кристијано светска ѕвезда во надоаѓање во дресот на Манчестер Јунајтед. После од 2004-та до 2009-та го сочинуваа можеби најдобриот тандем во Премиер лига.

Голман на кој не му е денот

Некогашниот голман на полскиот клуб Варта Познањ Адриан Лис за време на полувремето од мечот против Краковија на стадионот „Милејски“ имал интересна асистенција.

Маратонец на сезоната: пиел вино на 42-километарски маратон

Учесник на маратонот во Лондон застанал многу пати за да цугне различно вино. Сево ова од хумани причини за успешна хуманитарна акција, а на крај вика дека бил трезен.

Серхио Љуљ е нов рекордер во Евролига, тешко некој да го стигне

Реал Мадрид лесно се справи со Басконија, славеше 90:74 во првиот меч од 1/4 финалето на Евролига во својата „Визинк Арена“. Легендата на Реал Мадрид, 37-годишниот Серхио Љуљ ја постигна 624-та тројка во својата евролигашка кариера и го надмина досегашниот рекорд на легендарниот Хуан Карлос Наваро кој имаше 623 постигнати тројки.

Димарко не можел да се качи на пречка

Левиот бек на италијанската фудбалска репрезентација и на новиот шампион во Серија А Интер, Федерико Димарко не можел да се качи на пречката за да прослави скудето со навивачите по триумфот над градскиот ривал Милан.

Арсенал го седна Челси на место

Арсенал ја забележа највисоката победа во историјата на дуелите со градскиот ривал Челси откако синоќа ги разби со 5:0. Леандро Тросар отвори, а Бен Вајт и Каи Хавертц постигнаа по два гола за петарда на „Емирати“ во Лондон. Арсенал после 34. кола е прв со 77 бода, Ливерпул е втор со меч помалку и 74 бода а Сити е трет со 73 бода и два меча помалку.

Браќата на Јокиќ пак правеле хаос

За време на вториот натпревар од серијата во разигрувањето меѓу Денвер Нагетс и ЛА Лејкерс, браќата на Никола Јокиќ, Немања и Страхиња влегле во судир со некој присутен а едниот од браќата дури и го удира нападнатиот. Причината не е позната, а веднаш зад нив стои сопругата на Јокиќ, Наталија со нивната ќерка.

Лука Дончиќ го разби ЛА Клиперс и Далас израмни во серијата

Во драматичен меч, кошаркарите на Далас Маверикс со 96:93 го совладаа Лос Анџелес Клиперс во вториот натпревар од серијата и направија таканаречен брејк на гости во Лос Анџелес.

За ваква мајсторија не треба гол технологија, не е ова Ел Класико

Меч од трета српска лига со асистенција ала Иниеста и завршница Златан Ибрахимовиќ, ама на еден поинаков, генијален начин.

Каде е што прави Артуро Видал?

Во големото дерби на чилеанскиот фудбал, Коло Коло на гости го совладал Универзидад Католика со 0-1 и прекинал серија од два порази во лигата. Стрелец: ветеранот Артуро Видал кој на 36 години се врати во својот матичен клуб после долга одисеја по светот. Видал е еден од ретките кои играл и за Баерн Минхен и за Интер и за Барселона и за Јувентус.