Разно

Сноуден: Државната шпионажа го презема интернетот

Свиркачот Едвард Сноуден (кој пред 10-тина години обелодени како ЦИА И НСА шпионираат кого стигнат, меѓу другото и телефонот на Ангела Меркел) драматично предупреди дека озллогласената НСА ја делат само денови да има целосна контрола на интернетот и овластување од секоја компанија или поединец да прави свои агенти. Без ниедна насловна во медиумите за тоа, амандманот тивко веќе помина во едниот дом.

Чеченија забрани музика која е премногу брза или премногу бавна

Чеченскиот министер за култура објави забрана за сите музички, вокални или кореографски дела кои нема да бидат во темпото на традиционалната чеченска музика и вкусот на чеченскиот темперамент. Седнале со Кадиров и со метроном и премудро решиле дека една песна не треба да биде ни брза ни бавна туку -  таман. Следува БПМ спецификација.

Во кинескиот бекстејџ на гламурозниот Армани

Не само што лажните Армани ги шијат Кинези туку и оригиналите ги шијат Кинези, живеејќи и работејќи во супстандардни услови во околината на Милано, некои од нив комплетни илегалци во земјата. За чанта која Армани ја продавал за 1.800 евра, на кинескиот подизведувач му биле давани 90-тина евра а не се знае колку од тоа завршиле кај работниците.

Не се криви 8 милијарди луѓе туку 57 компании

Вината за зголемените емисии на озлогласениот јаглерод диоксид често се препишува на сите нас кои ја уништуваме „мајкичка Земјичка“, до толку што уште малку ќе не фати грижа на совест што воопшто дишеме па издишуваме CO2. Неодамна излезе отрезнувачки извештај за фактичката состојба на планетава: не сме сите криви туку огромно мнозинство од емисиите водат до само 57 компании и држави во светот.

Транс - експрес

Приказната од канадски Квебек е морничава и ужасна и да се раскаже на кратко, и да се погледне на долго. Еве најкратко што може: 14 годишно девојче првпат влегува во приватна педијатриска џендер клиника на Квебек и се самодијагностицира како трансџендер. Само девет минути подоцна, лекарот ѝ препишува на тинејџерката 30 милиграми тестостерон неделно. 

Американски баби враќаат студентски кредити

Ненси Питер има земено студентски кредит за да може да заврши психологија. Е, добро де, ќе го врати. Е, кога ќе го врати, ене ја во пензија, чува внуци и и не само што уште должи за земениот студентски кредит, туку должи и повеќе од кога го има подигнато.

Лев Тахор, од Куманово до Гватемала

Се сеќавате ли на оваа екстремна еврејска секта која пред неколку години дојде во Македонија ама не ја сакаа нигде па се префрлуваа од Куманово во Скопје во  Охрид, за на крај Петар Богојески великодушно да им понуди да се сместат на неговиот имот во Крушево? Ги испозатворија, за киднапирање и трговија со деца.

Пензионерската кариера на американските генерали - кеширање

Кога високи американски генерали се пензионираат, ретко кој решава да шета внучиња по парк или конечно да ја среди онаа шупата што му е хаос. Влегуваат во лукративниот круг на говорници на кои агенции им наоѓаат тезги со извршни директори и слична публика. Хилари Клинтон од еден таков говор заработува колку што генералот Марк Мајли заработуваше цела година од армијата.

Владата секогаш е најопасен извор на дезинформации

Американската влада го моли Врховниот суд да ѝ дозволи да продолжи со „борбата против дезинформациите,“ но оние кои тужат во Врховен се обични граѓани кои биле замолчувани затоа што ги разоткривале опфицијалните невистини. Најопасно е зошто државата лаже. За да го контролира наративот по кој може да се тргне не само кон карантин туку и во војна. Да се потсетиме на бројките од чудното време на пандемијата.

Тенеси забрани кемтреилс

Сенатот на Тенеси усвои нацрт-закон со кој се забранува „намерно вбризгување, ослободување или дисперзија на хемикалии, хемиски соединенија или супстанци во атмосферата со цел да се влијае на температурата, климата или интензитетот на сончевата светлина...“ Накратко, во Тенеси се забрануваат кемтреилс.

Каде е оружјето?

Државите во Европа речиси го удвоија увозот на големо оружје во последните 4 години. Во периодот 2019-2023 година, многу поголеми количини на оружје влегоа во Азија и Океанија како и на Блискиот Исток, каде што се наоѓаат девет од 10-те најголеми увозници на оружје. Извозот на САД е зголемен, извозот на Русија е преполовен.

Уште еден крах на разбуденото образование

Како да се реши нееднаквоста по математиката? Така што таа ќе се укине. Вака надлежните образовни дебили од Сан Франциско размислуваа пред десет години кога ја повлекоа математиката од осмо, со налудничаво објаснување дека не треба да се следат разликите меѓу учениците на овој предмет сè до средно школо, Тоа ќе им помогнело на црните и хиспано учениците да напредуваат. Еве, сега ја враќаат.

Глејте вашите сметки, остајте нашиот ќар

PG&E е голема компанија снабдувач со гас и електрична енергија  на домаќинства и деловни субјекти во северна и централна Калифорнија. Без многу галама, им ги качиле на луѓето сметките за јануари. Еден месец подоцна, приходите им скокнале за 25%. „Нема врска, не е од тоа,“ убедуваат од компанијата. Звучи познато, нели?

Ако мисли дека Џорџ Вашингтон е црнкиња, зошто ѝ даваме да одбира мети за бомбардирање?

Преглупиот генератор на слики на Гугл, Џеминаи, последниве две недели го доби сиот заслужен негативен публицитет и потсмев. Но, во меѓувреме, едно многу поважно и попогубно соопштение кое се однесува на вештачката интелигенција, за чудо, помина сосема незабележано. „ВИ, кажи каде да бомбардираме?“ е прашањето кое се поставува цо центрите на американската војска.

Австралија: Задолжителноста на вакцините била незаконска

Врховниот суд во Квинсленд пресуди дека задолжителноста на ковид вакцините, наметната од локалната полиција и здравствените власти била незаконска. Ова се смета за историски важна одлука на Врховниот суд а донесена е затоа што при воведувањето на задолжителноста, не се водело сметка за кршењето на граѓанските права.

Како Шведска му докажа на светот дека греши со карантините

Кога на времето благонаклоно пишувавме за непаничењето на Шведска за време на ковидот и нејзиното разумно одмерување и дизајнирање на мерките во пандемијата, напнати фанови на карантинското едноумие бааги не отекуваа по пораки, меилови и коментари дека сме неодговорни што така пишуваме. Главно завршуваа со она 'визионерското': Ќе видите, ќе видите... Еве, гледаме.

Сега сите ти се Боно

Таканаречената „лап топ класа“ се чини не знае да заврши работа без да верува и да убедува други дека го спасува светот (на состаноци на Zoom). Таа надмена морална поза и псевдо-активизам нема доведено до речиси никакви промени на подобро во светот. Но затоа е корисно за олеснување на совеста, да се оправда богатството и статусот и да се сее магла дека се има мисија да се остваруваат ѓоа благородни каузи.

Диверзификацијата ја пумпа универзитетската бирократија

На Беркли постојат преку 170 службеници чија главна задача е да смислуваат кампањи, да пишуваат упатства за говорење и облекување и да oрганизираат обуки и тренинзи за диверзификација, светиот грал на новата религија. На друг универзитет, барем 40% од вработените бирократи се вишок. Да ги нема, школарината за студентите би била поевтина. Ама, ги има.  

Гугл ги стопираше Близнаците

Гугл соопшти дека ја паузира способноста за креирање слики на нивната алатка на вештачка интелигенција Gemini AI, откако таа ги изрезили со бизарни резултати од типот црнец Папа, женски рагбист, диверзифицирани основачи на Америка и слично. Во Гугл веројатно сакале да ги надминат расните и родови стереотипи, штелувале, штелувале и - претерале. 

НАСА бара доброволци да се преправаат дека се на Марс

Ако имате чувство дека бар на година дена би побегнале каде било од оваа македонска бучава, чемер и ништавило, а притоа имате ограничувања во вид на пасош, пари или слично, можеби понудата на НАСА ќе ви се види примамлива. За жал, не го бараат она што е полесно, луѓето да се  прават дека се паднати од Марс, туку баш дека се таму, во нивното симулирано парче планета.

ЈП Морган напушти коалиција од 68 трилиони долари

Мега-банката ЈП Морган официјално ја напушти коалицијата на инвеститори која тежи фасцинантни 68 трилиони долари, а според замислената мисија е „фокусирана на притискање на најголемите светски емитери на стакленички гасови да се декарбонизираат“, пишува Блумберг. Со други зборови, „борбата“ за декарбонизација имплодира.

Беверли Хилс, Аризона

После Капиштец, и Аризона го добива својот Беверли хилс, како што е наречена една нивна долина во која последниве години нагрнуваат богати луѓе од Калифорнија. Просениот имот таму е поскап од оној во Сан Франциско и Лос Анџелес ама па подоцна се заштедува на даноци. Плус раат, ширина, едноставност, помалку гужви и блажено отсуство на лајави прогресивци. 

Калифорниски хит на деценијата: Пластика јe моја судбина

Кога калифорниските законодавци во 2014 година усвоија закон со кој се забрануваат пластичните кеси за еднократна употреба, големи беа надежите дека тоа драстично ќе ја намали количината на фрлена пластика. Една деценија фаст форвард: Калифорнијците денес фрлаат повеќе килограми пластични кеси отколку пред донесувањето на законот.

Автомобилските мотори трошат ко што се цица буџетот - за џабе

Поголемиот дел од енергијата што ја ставате во автомобилот на бензин се троши залудно, што не е случај за електричните автомобили. Внесете 100 единици енергија во автомобил на бензин и добивате само 20 единици движење. Моторите на внатрешно сосогрување се шокантно неефикасни.