Американски баби враќаат студентски кредити

Ненси Питер има земено студентски кредит за да може да заврши психологија. Е, добро де, ќе го врати. Е, кога ќе го врати, ене ја во пензија, чува внуци и и не само што уште должи за земениот студентски кредит, туку должи и повеќе од кога го има подигнато.

„Каматите само се трупаат и трупаат и секој цент што нема да го платам, оди до небо“, вика Ненси за кредитот од 1986 година.

Таа има земено уште еднa позајмица за да дозаврши на Универзитетот Лојола и потоа работи како терапевт речиси 40 години. Но, сега 71-годишната пензионирана баба на две внучиња должи повеќе од тројно од почетната сума пари што ја позајмила. Околу 108.000 долари.

Таа едно време побарала тајм-аут од плаќање заради здравствени проблеми. Иако паузирањето на отплатата билo одобренo, каматите го зголемувале долгот.

Според американското Министерство за образование, 43 милиони Американци должат колективен долг од 1,3 трилиони долари за студентски заем. Просечниот долг изнесува 37.000 долари.

Формално, постојат и правилници по кои долгот од студентскиот кредит може да биде и простен. Ненси вели дека ги проверила условите и сфатила дека единствен начин да ја искористи таа предност е да умре.

 

31 март 2024 - 12:33