- Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, која беше носителка на изборната листа на нејзината тазе партија Нова Алтернатива, доживеаа дебакл и во таа изборна единица и на ниво на држава.
- На „свој терен“, во Кецот, добиле само 1.571 глас или само 0,85%. Вкупно, таа и Нова Алтернатива на територија на Македонија освоија 3.438 гласови, односно само 0,34%.
- На локалните избори во 2021 година, кога беше поддржана пд ВМРО, во вториот круг против Шилегов, Арсовска освои 118.749 гласови.
- Кој ги лаже вака да се летаат, не ни е јасно.
- Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант и тројца лидери на Хамас треба да бидат уапсени на барање на МКС.
- Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, порача дека Нетанјаху и останатите четворица се одговорни за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа и Израел.
- МКС изминативе три години ги испитува израелските акции на окупираните територии, а изминатиов период истрагата ја прошири и на постапките на Хамас.
- Можноста високи израелски функционери да завршат на списокот на МКС за апсење Нетанјаху неодамна ја нарече „злосторство од историски размери“.
- После дупка од две децении, Велес лани доби кино. Бадијала.
- Во просек секоја кино проекција ја гледале само 15,5 гледачи, а секој прикажан филм само по 113,8 гледачи.
- „Очигледно дека паузата од безмалку две децении без редовна кино прикажувачка дејност во градот, остави силна трага во навиките на велешани да гледаат филмови. Ниту најновите светски хитови не се предизвик да се посети киното. Во однос на реакциите на некои граѓани за цената на билетот која е 200 денари, таа и иста во сите кина во Македонија“, велат ретките кино вљубениците од Велес.