Астразенека ја повлекува вакцината против ковид-19 од цел свет

Целата залиха на вакцината од британскиот производител ќе се враќа назад во магацин и ова нема никаква врска со неодамнешното признание на Астразенека дека има сериозни нус-појави од вакцината, туку едноставно пазарот бил презаситен од понови вакцини кои покриваат и нови варијанти од вирусот.

На одлуката на компанијата и претходи доброволното повлекување на дозволата за рекламирање на вакцината во ЕУ во март годинава, а на 7 мај Европската агенција за лекови објави дека е одземена дозволата за користење на вакцината на Астразенека.

Во официјалното соопштение Астразенека наведува дека моментално има изобилие на понови вакцини кои се достапни низ цел свет што довело до намалена побарувачка на нивниот производ, кој повеќе ниту се произведува, ниту се испорачува.

Пример, одредени држави, како Австралија, престанаа да ја користат Астразенека уште од март 2023.

Иако вакцината беше утврдено дека главно е безбедна и ефикасна, подоцна се откри, а АЗ го потврди тоа, дека таа може да доведе до ретки но сериозни нус-појави на ТТС (Тромбоза и тромбоцитопенија синдром) кој предизвикува згрутчување на крвта. ТТС се јавува кај 2 до 3 вакцинирани на 100.000 луѓе, АЗ до сега има испорачано 3 милијарди дози низ цел свет.

9 мај 2024 - 10:27