Лондон точак ти ќе бидеш

Со голема поддршка од градоначалникот, Борис Џонсон, градските власти го прифатија предлогот за велосипедски автопат со должина од 29 километри, што ќе минува низ цел Лондон.

Лентите за велосипеди ќе бидат извадени од постојните улици, и комплетно ќе бидат одделени со тротоар или помала бариера (во зависност од просторот) од автомобилскиот сообраќај.

"Ефектот е хуманизирачки, цивилизирачки, опуштен, маѓепсен. Ова го прави градот попривлечен. Освен ова ги побива постојаните поплаки дека притисокот за велосипедски рути низ Лондон е опсесија на мала клика машки велосипедисти од средна класа. Поентата е дека ако создадеш побезбеден велосипедизам сигурно создаваш и по инклузивен велосипедизам," објаснува Питер Вокер од Гардијан.

На поплаките дека со додавање на нови ленти ќе се намали просторот за автомобили, кој и онака го нема, објаснувањето е дека големата визија за иднината на Лондон предвидува намалување на автомобилскиот сообраќај во и низ градот.

Автопатот за велосипеди е дел од 900 милиони евра вредниот проект за унапредување на велосипедизмот во Лондон.

4 февруари 2015 - 09:55