Таг: велосипедски патеки

Њујорк размислува за кодошење на погрешно паркирани возила

Во 2022 Њујорк има над 2.250 километри велосипедски патеки. Њујорк исто така има и 20.000 велосипедски несреќи годишно, главно заради возила паркирани на велосипедски патеки.

Можеби и подобро што одложија секакви велосипедски трки

Не само Вуелта, Тур де Франс и Џиро д'Италија. Одложени за подобри времиња, поради пандемијата од Ковид-19 се и помалите велосипедски трки. Ако бидат како оваа на видеово, можеби е и поарно.

Копенхагизирање на твојот град

Како што цртањето две ленти сред ливада не е решение кога сакаш да создадеш мрежа за автомобилски сообраќај, така и проблемот со патеки за велосипед не се решава со просто исцртување ленти кои најчесто никој не ги почитува, што заради невоспитаност, што заради тоа што одземаат од и онака недоволниот капацитет на улиците или тротоарите. А како што ќе покаже Копенхаген, има огромна ќар од создавање на велосипедски-пријателски град.

Најдобра финта за велосипедска трка

Во пресрет на најтешката етапа на 104. издание на Тур де Франс која што се вози денес и која е најава за финишот во Париз, го поздравуваме велосипедистот кој знае како да претекнува.

Чувај се - ној на патот

На една од најдолгите велосипедски патеки во светот, Кејп Аргус во Јужна Африка која што се наоѓа во близина на океанот, велосипедисти се спремаат за главната трка кога наеднаш им излегува ној и трча по нив колку што го држи снага. Во еден момент тркачите возат и 70 км/на час.

Ветер што може, никој не може

Третата стаза од Волта а Ла Марина трката во Шпанија заврши уште пред да почне. Причина: Урагански ветер не им дозволи на 153 велосипедисти да возат по зоната Тера Митика и после сите напори трката се одложи.

Обврската за шлем на точак е гола вода

Пишувавме ние за ова (во капс лок, за да видат и слепци) и кога со себе ја имавме само интуицијата (Види: "И Груевски не е за кацига на точак") а сега и истражувањата ги потврдуваат нашите две клучни премиси: дека задолжителните кациги не вршат работа и дека велосипедистите се најбезбедни кога правиш услови да ги има многу.

Минхен сака аутобан за точаци

Намерата на локалните активисти е да натераат што е можно повеќе луѓе да возат велосипед наместо автомобил, а според нив ова најуспешно ќе се оствари ако низ градот распостелат велосипедски автопат.

Лондон точак ти ќе бидеш

Со голема поддршка од градоначалникот, Борис Џонсон, градските власти го прифатија предлогот за велосипедски автопат со должина од 29 километри, што ќе минува низ цел Лондон.