Копенхагизирање на твојот град

Како што цртањето две ленти сред ливада не е решение кога сакаш да создадеш мрежа за автомобилски сообраќај, така и проблемот со патеки за велосипед не се решава со просто исцртување ленти кои најчесто никој не ги почитува, што заради невоспитаност, што заради тоа што одземаат од и онака недоволниот капацитет на улиците или тротоарите. А како што ќе покаже Копенхаген, има огромна ќар од создавање на велосипедски-пријателски град.

Копенхагизирање е книга на урбаниот дизајнер Микаел Колвил-Андерсен и тој за Гардијан дава 12 графици кои секого треба да го убедат во користа од еволуција на превозот во градот.

- Во 2016 бројот на велосипеди кои влегуваат во центарот на Копенхаген е поголем од бројот на автомобили.


- Патувањето на Колвил-Андерсен низ центарот на градот со кола трае 37 минути.


- Истата рута со велосипед трае 13 минути.


- Центарот на Копенхаген бележи далеку поголем сообраќај со велосипед отколку останатите населби на градот, или останатите градови низ Данска.


- Анализата на дел од булеварот Ханс Кристијан Андерсен, покажува колкав дел е посветен на автомобили (со црвено), споредено со велосипеди (сино), пешаци (жолто) и автобуси (зелено). Низ градот велосипедите се користат за 62% од патувањата, а добиваат само 7% од просторот. Автомобилите се користат за само 9% од патувањата, а добиваат 54% од просторот.


- Во најголемиот дел од градовите низ светот автомобилите имаат приоритет пред пешаците, велосипедистите и луѓето во јавен превоз.


- Според податоците од градските власти на Копенхаген, возење автомобил еден километар го чини општеството 89 центи, а за истата дистанца возењето велосипед придонесува 26 центи.


- Причини за Копенхагизирање: најголемиот број изјавиле дека возат велосипед затоа што е побрзо, на само 1% екологијата им е главна причина. Според Колвил-Андерсен ова покажува дека е погрешно про-велосипедските кампањи да се фокусираат на еколошките придобивки.


- Поверојатно е да си ја повредиш главата додека возиш автомобил или мотор или додека си на работа, отколку од возење точак.


- Прашањето треба да се промени од „колку возила може да минат преку улицата,“ во „колку луѓе може да се превезат преку улицата“. Вториот модел, на 21-от век, има 10 пати поголем капацитет отколку првиот.


- Посакувани траектории се правците по кои се движат најголемиот дел од граѓаните. Податоците покажуваат дека мнозинството ги избира најдиректните рути, без разлика на обидите за контролирање на нивното движење со бариери.


- Протокот на велосипедски сообраќај значително се зголемил по поставување на „зелен бран“ кој ги менува семафорите во корист на велосипедистите. Горниот приказ е пред, долниот е по промената.

 

ТЕД говорот на Микаел Колвил-Андерсен: