ВИ „Пасошко“

Песна најверојатно направена со она SUNO (или слична ВИ алатка), чии (не)дела ги промовиравме преку нејзината бласфемична музичка креација за Македонско девојче. Оваа „Пасошко“ е каде-каде подобра, со дражесна винтажна инструментализација, само што генераторот има сериозен проблем со акцентите во македонскиот јазик, а тоа, барем нам, бааги ни пара уши. Ама, тргната е работата...

* На Suno имате и една супер занимлива страна за прелистување и преслушување: катаљарда песни направени со вештачка интелигенција, спастрени во милијарда жанрови. Овде.

15 април 2024 - 12:27