Кога Њујорк тајмс беше против разновидноста

Не е така одамна како што би помислиле. Во текст од август 2007 Тајмс забележува дека периодот станало се помодерно да се зборува за расна и етничка разновидност, но како контра-аргумент на таквото помодарство нуди студија на политикологот од Харвард, Роберт Путам, во која учествуваат 30.000 луѓе низ САД.

Тајмс пишува дека Путам во својата студија открива дека:

„Колку е поголема разновидноста во една заедница толку помалку луѓе гласаат и толку помалку волонтираат, помалку луѓе донираат во добротворни цели и работат на проекти за заедницата.

Во најразновидните заедници соседите се веруваат еден на друг за половина помалку отколку во најхомогените средини.

Студијата, најголема што некогаш била спроведена за граѓанскиот ангажман во Америка, открива дека речиси сите мерки за здравјето на граѓанското општество се пониски во поразновидните средини.“

Целиот текст, тука

29 април 2024 - 12:25