Конзервативците би да го враќаат Борис Џонсон

Како што новата британска премиерка не знае дал попрво да ја спасува својата политичка кариера или општо Британија и британската економија, така нејзините сопартијци почнаа со петиција за воскреснување на Борис Џонсон како премиер.

Петицијата која повикува враќање на Борис Џонсон на чело на Британија за само два дена е потпишана од повеќе од 10.000 членови и симпатизери на Конзервативна партија.

Ова се случува на се на се 42-от ден на Трус како премиерка на Британија и неколку денови откако го смени својот министер за финансии кој воведе даночни промени што ја доведоа новата премиерка во ова позиција.

Во посебно неочекуван резил, даночната и домашна агенда на Трус беше распарчена од критики од Џереми Хант, човекот што таа деновиве го назначи за нов министер за финансии во владата. Хант ги откажа речиси сите даночни олеснувања воведени од владата на Трус, кои летово и помогнаа да победи во лидерската битка меѓу Конзервативците.

Во понеделникот политичкиот уредник на Телеграф, Кристофер Хоуп, објави текст во кој тврди дека високи членови на Конзервативната партија деновите бараат смена на Трус со Риши Сунак, поставување на Џереми Хант за министер за финансии, а Пени Мордаунт за министерка за надворешни работи, што се толкува како потврда за гласините за пуч против Трус.

Хоуп забележува дека би било анти-демократски да се назначи уште еден лидер на партијата без да се прашаат членовите или гласачите, заради што препорачува да се врати Борис Џонсон како лидер на партијата и државата.

Процените на конзервативците се дека ако ова не се случи, за неколку недели ќе треба да се објават парламентарни избори во земјата.

Британскиот весник Дејли стар на Јутјуб започна директен стрим под наслов „Дали Трус ќе трае подолго од марула?“ во кој се чека дали прво ќе падне владата или ќе се расипе марулата.

18 октомври 2022 - 12:13