Џорџ Буш постариот како мерка за тињата на денешната политика

Референците за поддршката од Џорџ Буш за Хилари Клинтон се повторуваат со почит, исто како и неговото малку веројатно пријателство со Барак Обама.

Тргнувајќи да го објаснува ЦВ-то на Буш и времето во кое тој живее, колумнистката на Гардијан Хадли Фримен, пишува:

„Џорџ Буш постариот не е ничија замисла за претседател. Воен херој и познат по својата учтивост, Буш постариот го потпиша законот за чист воздух, и законот за Американци со инвалидитет (меѓу другите заштитувајќи и ХИВ лицата од дискриминација), а едно време збореше и против Националната асоцијација на сопственици на оружје. Меѓутоа тој исто така беше арогантен, невнимателен и себичен. Тој ги искористуваше расните политики и помилуваше обвинети во Иран-Контра аферата за себе си да се заштити од истрага.

Тој и беше покорен на американската евангелистичка десница, а за време на неговиот мандат СИДА-та разоруваше низ САД повеќе отколку во која било друга развиена земја. Тој остави хаос на Блискиот Исток, а неговиот избор за потпретседател Ден Куејл, ја постави Републиканската партија на курс кој на крај доведе до Сара Пејлин и Доналд Трамп.

Откако беше објавена смртта на Буш, се отвори очекуваната поделба на реакциите меѓу двете екстремни страни: од една страна пофалните и благоречиви, од друга страна налик хипстерската „смрт за старците“ осуда. А сепак анегдотите околу сега починатиот претседател кои изгледа дека најмногу ги допираат луѓето, па дури и некои циници он-лајн, се оние за неговата релативна партиска неприпадност.

Референците за поддршката од Џорџ Буш за Хилари Клинтон се повторуваат со почит, исто како и неговото малку веројатно пријателство со Барак Обама. И пред се, неговото добронамерно писмо за тогаш новиот претседател Бил Клинтон, посакувајќи му добредојде во Белата куќа откако од него ја загуби кандидатура за реизбор, радосно одѕвони низ интернетот. Потсетувајќи на времето кога политичарите можеа да ги стават на страна своите политички разлики за доброто на земјата, тоа предизвика колективни воздишки кај една половина од  социјалните мрежи. А кај другата половина се случуваше нешто многу поразлично.“

Целата ситуација со Буш таа ја поврзува со еден неодамнешен политички скандал во Британија, во кој министерката во сенка за меѓународен развој, Кејт Осамор, објавува дека поднесува оставка од раководството на опозицијата откако е утврдено дека лажела дека не знаела за обвинението против  нејзиниот 29-годишен син, кој беше уапсен со дрога во вредност од 2500 фунти. Во целата работа Осамор имаше и еден непотребен излет во кој физички му се закани на новинар кој сакаше да и постави прашање.

Околу целиот случај стандардно се судираат двете страни, лева-десна, а она од што Фриман најмногу е вознемирена во сето ова е „колкумина од левицата остро ја бранеа, користејќи искрено погрешни аргументи за излишноста од постоење закони против дрогите, хипокризијата на новинарите кои морализираат против дроги а огромен број од нив ги користат, и расната пристрасност на медиумите (Осамор е црнкиња).“

„Ако новинарите не го гледаат неморалот од бранење политичари кои му се заканиле на друг новинар, само затоа што политичарот е член на партијата што ја поддржуваат, тогаш тешко дека ќе може да се напредува. Сепак, дури и Фокс го поддржа Џим Акоста од СиЕнЕн кога тој имаше судир со администрацијата на Трамп. Совршено е возможно да поддржуваш политичар а сепак да го критикуваш; или спротивно, да не го поддржуваш но да ги признаваш неговите посилни страни. Во спротивно си пропагандист.

Џорџ Буш постариот го знаеше ова и затоа тој тргна против сопствената партија за да ја поддржи Хилари Клинтон. Многумина други, и од лево и од десно, не го прават тоа и тоа не и врши работа на политичката клима.

Како резултат на ова, сите гледаат со сентименталност на деновите кога Буш - сега зачудувачи, титан на здравиот разум - беше главен.

Мора да сме подобри од ова,“ порачува Фримен.

13 декември 2018 - 17:10