Борис Џонсон реши да го прави татко му „Сер“

Една од последните одлуки на Џонсон пред заминување од премиерската позиција беше да состави листа на луѓе кои ги препорачува за титулата - Сер. Деновиве британските медиуми открија дека меѓу 100-те имињата е и таткото на Борис, Стенли.

Проблемот со ова не е само што Борис му дава титула на тато, туку и тоа што Стенли, инаку писател, во 2021 беше обвинет од две жени за недолично допирање, а во биографијата за Борис Џонсон напишана од Том Бауер се тврди дека Стенли и го има скршено носот на мајката на Борис при една расправија во 1970-те.

Стенли исто така е познат и по своите ставови дека глобалната популација треба да се стави под контрола и на планетава да има вкупно 1 милијарда луѓе (во Англија 10 до 15 милиони максимум).

Секој британски премиер има можност да предложи кандидати за статус сер, со тоа што претходничката на Џонсон, Тереза Меј, на списокот имаше 60 имиња, додека Џонсон има 100.

Иако ова не е задолжително, обично премиерите титулата ја даваат на поранешни блиски соработници и високи вработени во кабинетот, во знак на благодарност за нивната служба.              

8 март 2023 - 11:11