Македонски семејни винарии викендов ве канат на саем во Кавадарци

Викендов во Кавадарци ќе биде организиран предновогодишен саем на мали тиквешки семејни винарии на кој ќе присуствуваат над 35 винарии. Тие ќе изложуваат, а вие ќе имате можност да дегустирате над 200 сорти вино, 30 сорти ракии, 30 вињаци и да вкусат храна од 4 производители.

Организаторите се надеваат дека ова запознавање со македонските семејни винарии ќе ве поттикне малку да прошарате во својот избор на вино и ракии при следно купување.

Сите присутни се тиквешки винарии, чиј квалитет и до сега е проверен и потврден со излегување на повеќе светски саеми од кои се враќаат со бројни награди и признанија.

Саемот ќе се случува во сабота од 12:00 до 17:00 часот во Ангро палас во Кавадарци.  Влезницата е 200 денари.

(комерцијален текст)

14 декември 2022 - 10:02