„Заедно испаднавме, заедно ќе се вратиме“

Навивач на Шалке испрати моќна порака до своите браќа Комити во овие тешки денови за двата тима кои се селат во второлигашко друштво.

Прв испадна Шалке кој на две кола до крајот на сезоната во Бундеслигата е бетониран со 13 бода на и има само 2 победи на 31 меч, а истото му се случи викендов и на македонскиот бренд кој периодов ги живее своите најтешки мигови.

Дитмар Бредвалд ја прати пораката до Скопје преку својот Фејсбук профил, со фотографија на која се истакнува збратименоста на навивачите на Вардар и Шалке која трае веќе со години.

Фотографии од неговиот профил.

Си го знае редот и на маса.

А освен македонска софра, знае и македонски јазик:

   

  Има фотка и со Мутибариќ кој инаку има брането за Шалке

 

11 мај 2021 - 14:12