Таг: шалке 04

Кога Реал направи потоп во Гелзенкирхен, а сите зборуваа за ремек делото на Хунтелар

26 февруари 2014 или 10 години од „Ла десима“, кога гледавме драма во мадриското финале од ЛШ во Лисабон. На денешен ден Реал го торпедираше Шалке во осминафинале со 1:6. По два гола дадоа Роналдо, Бензема и Бејл, а конечниот резултат го постави Клас Јан Хунтелар, чисто колку да и додаде атрактивност на забавата.

Асистенција на Чурлинов, еврогол на Залазар од 60 метри

Новиот прволигаш Шалке со победа од 1:2 над Нирнгерг ја завршува сезоната како лидер во второлигашкото друштво. Завесата ја спуштија со гол кој е сериозен во трката за број 1 на сезоната, откако Дарко му ја даде на Родриго, ама овој без да му ја мисли многу, ја испука од своја половина.

Кикс на Чурлинов во одбрана, тежок елиминација за Шалке од третолигаш

Минхен 1860 го елиминираше Шалке во 3. коло од Купот на Германија со 1:0. Голот падна уште по 5 минути игра, по една лоша проценка на македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов кој се однесуваше многу комотно во одбрана. Тренерот го казни за лошиот потег и го извади во 22-ра минута.

Што е со волејот на детево од Шалке?

Мохамед Салах, Антонио Кандрева и Даглас Коста одлепија викендов со ремек дела. Во нивно друштво влегува и соиграч на Дарко Чурлинов по име Мехмет Џан Ајдин, роден 2002-ра. Чудо од реакција прикажа малиов после изведен корнер и заслужува да добие кандидатура за гол на годината.

„Заедно испаднавме, заедно ќе се вратиме“

Навивач на Шалке испрати моќна порака до своите браќа Комити во овие тешки денови за двата тима кои се селат во второлигашко друштво.

Како навивачите на Шалке го одбранија македонското знаме

Комити на својата Фејсбук страна објавија многу јака случка за нивните браќа од Германија за која велат дека заслужува да биде во учебниците. И стварно е така.

Омилениот играч на Гвардиола кој играше финале на ЛШ, а сега завршува во регионална лига

Холгер Бадштубер е еден од оние играчи на кои кариерата не му отиде по пат по каков сакаше да му оди. Или требаше да му оди. Или едноставно мораше. Со истрајност и борбен дух дури 6 пати се врати на терен после многу тешки повреди. На крајот мораше да ја прифати малерозната судбина.

Јунак на месецот - Ибишевиќ се откажал од плата во Шалке, ќе ја дава во хуманитарни фондови

Последните 5 сезони одличниот центарфор од Босна и Херцеговина, го носеше дресот на Херта Берлин. Сега откако му истекол договорот, како слободен играч потпиша со Шалке.

Зидан му нема вака асистирано на Раул

Легендарниот шпиц на Реал Мадрид во 2010-та стапна во Бундеслигата и заигра за Шалке. Ова видео не е посветено на него, туку на Хозе Мануел Хурадо кој му даде магична топка. Не се повторуваат вакви асистенции секоја сезона.

Најлудите секунди во историјата на Баерн Минхен

На 19 мај 2001 година, пред точно 19 години, во германската елитна лига се одиграа најлудачките последни секунди во борбата за титулата. Таква драма немало во Бундеслига, ни порано ни подоцна.