- Осумнаесет годишниот плејмејкер Никола Топиќ, роден во 2005-та во Нови Сад, кариерата ја почнал во новосадскиот клуб Дифенс, па во јуни 2020-та потпишал стипендиски договор со Црвена Звезда.
- Белградскиот клуб го прати на неколку позајмици, а посебно успешна му беше онаа во Мега Баскет од каде потекнува и Никола Јокиќ. Никола Топиќ покажа раскошен талент поради што Црвена Звезда го врати во своите редови, а сега се спрема за летниот НБА драфт.
- Негов менаџер е светски познатиот агент Мишко Ражнатовиќ кој се грижи за кариерата на преку 100 врвни кошаркари меѓу кои и Никола Јокиќ. Белградскиот печат пишува дека на Топиќ му се предвидува Топ5 пик на драфтот. Последен кој беше вака високо котиран и на крај беше избран како втор пик на драфтот беше Дарко Миличиќ во 2003-та.
- Дваесет и осум годишниот германски стопер од Борусија Дортмунд многу лесно може да биде продаден. Од клубот наводно не биле задоволни од неговата физичка подготвеност, односно од вишокот килограми.
- Зуле е поранешен фудбалер на Баерн Минхен за кого играше од 2017 до 2022 а за Германија има 49 настапи.
- Тој со 11 милиони евра годишна плата е најскапо платен фудбалер во финалистот на Лига на шампиони, соопштува германски Скај Спорт.
- Со 200 милиони долари од плата во Ал Наср и 60 милиони од маркетинг, Кристијано Роналдо по четврти пат во кариерата е најплатен спортист во светот.
- Најплатените 50 спортисти во последниве 12 месеци заработиле 3,8 милијарди долари, што е за 13% повеќе од ланскиот рекорд, делумно поради парите од Блискиот исток, пишува Форбс. 76% од тие пари ги добиле од плати, бонуси и парични награди.
- Меѓу нив најмногу има од НБА (19), од НФЛ 11, додека фудбалот е на трето место со 8 претставници.
- Зад Роналдо на листата е голферот Џон Рам, а трет најплатен спортист за изминатава година е Меси со 135 милиони.
- Потоа следуваат Леброн Џејмс со 128 милиони долари, Јанис Антетокумбо (111 милиони), Килијан Мбапе (110), Нејмар (108), Карим Бензема (106), Стеф Кари (102). Никола Јокиќ заработил 56 милиони долари и е на 32-рото место, а Лука Дончиќ е 34-ти со заработка од 55 милион долари.