- Со натпреварот МЗТ Скопје Аеродром - Гостивар вечерва од 19:00 започнуваат 1/4-финалните битки од разигрувањето за шампионската титула во Првата македонска лига.
- Секоја фаза, и четвртфинале и полуфинале и финале ќе се игра по веќе добро познатиот принцип 2-2-1, до три добиени, односно првите два меча кај домаќинот, па две кај ривалот и евентуална мајсторка кај домаќинот односно подобро пласираниот тим на завршната табела.
- Пелистер - Еуро Никел 2005, Чаир 2030 - ТФТ Моцарт, Работнички - Феникс се останатите парови кои играат во сабота со почеток од 19:00, 21:00 и 18:00 часот. Бранител на трофејот е МЗТ Скопје Аеродром кој претходно сезонава го освои и Купот на Македонија и ќе јуриша кон двојна круна, но се чини дека завршницата во првенството никогаш не била понеизвесна и поизрамнета.
- Македонските ракометни арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани од ЕХФ за финалето на елитната Лига на шампиони. Николов и Начевски ќе го комплетираат неверојатниот круг со арибтража на финале на Светско првенство, Европско првенство, Олимписки Игри и Лига на шампиони.
- На Фајнал Форот во култната „Ланксес Арена“ во Келн за трофејот ќе се борат Магдебург - Алборг и Барселона - Кил. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 9. јуни од 18:00 часот.
- Грчкиот повеќекратен шампион игра чудесна сезона и се пласираше во финале на Лига Конференции, прво историско финале на еврокуп за клубот од Пиреја.
- За нивна среќа, финалето се игра во Атина, на новиот ултра-модерен стадион на АЕК. Противник ќе им биде Фиорентина, а УЕФА на двата клуба им распределила по 9.000 влезници. Иако е повеќе од јасно дека Олимпијакос лесно би можел да наполни три стадиони, а не еден за ова финале, управата на клубот помислила на најверните.
- Во осминафиналето Олимпијакос дома доживеа дебакл 1-4 против Макаби Тел Авив. Реваншот се играше во српскиот град Бачка Топола поради тоа што УЕФА не допушта одигрување натпревари во воена зона па Макаби беше домаќин во Србија а не во Израел.
- Речиси никој не верувал во чудо па само 49 навивачи на Олимпијакос допатувале на реваншот. Црвено-белите славеа 1-6 и се пласираа во следна фаза, а Олимпијакос сега ги наградува тие 49 души со карти за големото историско финале.