Моментот кога Хрватите ја напуштија церемонијата со медалите поради Србија

На последниот меч од Евролигата против Валенсија, навивачите на Партизан непотребно се вратија во минатото и ги навредија Тони Кукоч и Дино Раѓа, кои пак две недели претходно беа топло примени во Штарк арената во Белград. На што всушност мислеа со паролата?

Гробари се навратија на Европско првенство 1995 кое се одржа во Грција, на кое за малку не се случи финале меѓу Југославија и Хрватска.

Југославија предводена од Душан Ивковиќ на кој помошник му беше Жељко Обрадовиќ, во полуфинале го совлада домаќинот, а Хрватите загубија од силната Литванија предводена од Сабонис.

Југославија беше шампион откако во финалето ја совлада Литванија, а како трета заврши Хрватска која во мечот за трето место ја доби Грција.

И како по обичај најпрвин беа доделени бронзените медали за Хрватите, па сребрените за Литванците и кога Југославија дојде на ред да ги прими златните, цела селекција на Хрватска во која беа Кукоч и Раѓа го напушти подиумот.

Страшниот состав на тогашниот европски првак го сочинуваа имиња како Владе Дивац, Дејан Бодирога, Предраг Даниловиќ, Саша Обрадовиќ, Жарко Паспаљ, Александар Ѓорѓевиќ, Жељко Ребрача.

И ден денес по разни емисии и подкасти се зборува за тие немили сцени на кои синоќа алудираа навивачите на Партизан. Нивното напуштање е однапред договорено поради тоа што ЈНА веќе почна со бомбардирање во Хрватска.

Навредлива парола на Гробари за Кукоч и Раѓа

13 април 2024 - 12:32