Вести › Набрзинка
Камај: Уапсен врховниот судија Наке Георгиев за примање поткуп
-
„Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело“, се вели во информацијата од МВР.
-
Дел од медиумите, повикувајќи се на свои извори објавија дека станува збор за врховниот судија Наке Георгиев, кој бил фатен со 10 000 евра. Тој, наводно бил пријавен од лице кое тврдело дека му бил баран поткуп во врска со судски случај. Наводно ветувал олеснителни околности во случајот против поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев поврзан со трговија со марихуана.
-
Полициски извори за телевизијата Телма потврдиле дека судијата Георгиев бил префрлен, односно се наоѓа во полициската станица Кисела Вода. Во моментот, како што претходно објави телевизијата е постапка поврзана со судскиот имунитет кој го ужива Георгиев, а за кој одлучува Судскиот совет.
-
Георгиев кратко беше член на Судскиот совет, но лани во јули си поднесе оставка од оваа функкција пред официјално да даде заклетва за да може неговиот син да биде избран за судија во Основниот кривичен суд Скопје.
Бајден удри по Хаг зашто го чепнаа Нетанјаху
- Американскиот претседател како срамно и шокантно го нападна барањето на главниот хашки обвинител за апсење на Нетанјаху.
- Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, истото го побара и за изралескиот министер за одбрана како и за тројца лидери на Хамас.
- Бајден тоа го доживува како изедначување на Израел и Хамас и порача дека САД остануваат на страната на Израел.
- Истото го повтори и државниот секретар Блинкен додавајќи дека судот во Хаг нема јурисдикција врз „оваа материја.“
- „Материјата“ се преку 35.000 убиени Палестинци, повеќето жени и деца, во израелската воена реакција на нападот на Хамас од 7 октомври минатата година.