- Македонскиот клуб за ттничка толеранција од Благоевград (Горна Џумаја) поднесе тужба против Европската Комисија пред Судот на Правдата во Луксембург, за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити европското право на асоцијација и здружување.
- Со тужбата се бара од Судот на Правдата на Бугарија да и ги прекине сите исплати на финансии што доаѓаат од Кохезивниот Фонд во висина од 1.467 милијарди евра, се додека не го регистрира Македонскиот клуб за етничка толеранција, чија регистрација беше одбиена само зошто е македонска организација.
- Своевремено Европската Комисија се прогласи за ненадлежна сметајќи дека нема надлежност да врши мониторинг на малцинските права во членките на ЕУ како Бугарија.
- Македонскиот клуб цени дека на тој начин ЕК го крши членот 317 од Договорот за Функционирање на ЕУ кој кажува дека Европската Комисија мора да врши мониторинг и ревизија на земјите членки за да спречи кршење на фундаменталните права на ЕУ.
- Се судрија про-палестински и про-изрaелски студенти во кампусот на Универзитетот на Калифорнија од Лос Анџелес (UCLA) па интервенираше полицијата опремена за разбивање демонстрации.
- Летале боксови и клоци, играле стапови, столчиња и сè што се нашло при рака а градоначалникот вели дека полицијата интервенирала по барање на школото.
- Судирот настанал кај про-палестинскиот камп каде што тој табор дигнале барикади па спротивниот табор дошол да ги сруши.
- Во полициските интервенции во студентските кампуси ширум земјата последниве две недели, досега има над илјада упасени лица. Ретки се универзитетите во кој институцијата и студентите најдоа некое прифатливо решение.
********
- Наумче Мојсоски, актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, претходниот директор на агенцијата и Даниел Димевски, првиот човек на Македонскиот олимписки комитет се на листата од 12 лица за кои денеска е поднесен обвинителен акт во врска со доделувањето на т.н спортски ваучери.
- Во февруари минатата година ДКСК побара кривично да се гони директорот на АМС, Наумче Мојсоски. ДКСК се сомневаше дека претседателот на Агенцијата и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на пари, со што го оштетиле Буџетот на државата, но и луѓето што имале законско право на тие пари, а не им биле доделени.
- Лидер објави дека ОЈО бара мерки на претпазливост за Дарко Каевски, Даниел Димевски и Наумче Мојсовски.
- Каевски се изјасни за невин, обвинувањата ги отфрли како неосновани а се сомнева и во тајмингот на покренување на предметот.