Реакцијата на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ следува откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера изјави дека за договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции – или да се раскине или да се репреговара.
„Ваквиот став е обид да се минимизира големата работа и најголемиот проект во историјата на државата што досега прогресивната и проевропската влада го реализираше“, оценува „Фронтот“.
Според изјавата на Мицкоски, поизвесно е дека договорот со американско-турскиот конзорциум би се репреговарал бидејќи во сегашната форма е речиси неприменлив поради големите правни проблеми, проблеми со експропријацијата и техничките проблеми.
Министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи во еден од своите последни настапи, пред Комитетот на Министри на Совет на Европа во Стразбур го посвети и за лобирање за прием на Косово во оваа организација.
Османи рече дека косовските граѓани тоа го заслужуваат додавајќи дека истовремено на тој начин ќе се поттикнат реформите во оваа земја и ќе се придонесе за регионалната стабилност.