Сузана Јошевска Анастасовска:

Дивеењето како небрежност

Можеле да пишат дека ете, имал ставено и појас, дека возел со запалени светла, дека претекнувал со вклучен лев трепкач. Е сега, полна лента само што поминал, од сите овие работи, тоа му е ЕДИНСТВЕНИОТ пропуст. Толку пропусти можел да направи, тој направил само еден. Плус се кае. 6 месеци е фер!

"Обвинителството во одговор посочува дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или опијати во крв и урина и не ја пречекорил дозволената брзина на патот. Единствен констатиран пропуст со сообраќајното вештачење е претекнување на полна лента".

Така е, како олеснителни околности при одмерување казна да се земаат нормални работи како што се да не возиш пијан и да не возиш брзо. Можеле да пишат дека ете, имал ставено и појас, дека возел со запалени светла, дека претекнувал со вклучен лев трепкач. Е сега, полна лента само што поминал, од сите овие работи, тоа му е ЕДИНСТВЕНИОТ пропуст. Толку пропусти можел да направи, тој направил само еден. Плус се кае. 6 месеци е фер!

А дали обвинителството му ја зема како отежителна околноста дека вкупно 7 лица имаат тешки телесни повреди од тој негов ЕДИНСТВЕН пропуст.

Дали ја зема како отежителна околноста дека извршил злоупотреба на дозвола за лекување и дека воопшто не требал да биде во кола на Стража, туку во болница или дома, пошто нели, срцеви проблеми, тахикардии има и сл.?

Дали обвинителството му ја зема за отежителна околноста што со таа негова "докажана" здравствена состојба тој би требало да избегнува да вози, особено на отворен пат?

Жал ми е за децата на починатиот и целото негово семејство.

Претекнување на полна лента и предизвикување директен судир е дивеење, тоа е евентуална умисла (dolus evetualis, свесност дека од дејствието може да настапи последица и согласување со нејзиното настапување) не е и не може да биде небрежност. Небрежност би било на пример, претекнување на испрекината лента, со почитување на сите сообраќајни прописи, но со лоша проценка за сообраќајната ситуација и со тоа предизвикување последица. Разликата е во свесното прекршување правила!

Едно време се учеше кривично право темелно, овој фушерај одговара само на тие што можат да платат или да купат правда.

Сузана Јошевска Анастасовска

11 ноември 2021 - 10:25