- Вештачката интелигенција низ призма на историската наука, филозофијата, етиката, теологијата, класичните студии, педагогијата, социологијата, социјалната работа и меѓународната безбедност е тема на предавањата на реномирани научници од светот кои ќе учествуваат на 6. Меѓународна недела на Филозофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што ќе се одржи од 19 до 22 февруари.
- Оваа година предавања ќе одржат професори и истражувачи од партнерски универзитети од Европа, регионот и пошироко, меѓу кои: проф. д-р Вулф Канштајнер од Универзитетот „Архус“ во Данска, проф. д-р Фатима Румат од Универзитетот „Мохамед Петти“ од Мароко, проф. д-р Естер Раја Диез од Универзитетот „Ла Риоха“ од Шпанија, проф. д-р Марко Маринчиќ од Филозофскиот факултет од Љубљана во Словенија, д-р Љубиша Бојиќ од Институтот за истражување и развој на вештачка интелигенција на Србија и Институтот за филозофија и социјална теорија при Универзитетот во Белград и уште многу други.
- Целата програма тука
- Канадската писателка и добитничка на Нобеловата награда Алис Манро, почина на 92-годишна возраст во старечки дом во Онтарио. Таа страдаше од деменција повеќе од една деценија.
- Наречена „титан на кратката проза“ и „канадски Чехов“, Манро извршила револуција во архитектурата на кратките раскази. Објавила 14 збирки со кои во 2013 станала првиот добитник на Нобелова за книжевност од Канада.
- Последната книга, „Драг животе“, е излезена во 2012, а дел од расказите се автобиографски. Велела дека туѓите, лошо напишани книги, ја инспирирале, знаејќи дека може подобро. Покрај Нобеловата има добиено и Букер, како и канадската награда Гилер, за „Блуз од мешана крв“.
- Вчера, 12 мај, беа доделени британските телевизиски награди БАФТА. Најголемо изненадување беше признанието за Тимоти Спал за главна машка улога (за серијата „Шестата заповед“). Во својата категорија тој ги победи Брајан Кокс за „Сксешн“ и Доминик Вест за „Круната“.
- „Шестата заповед“ доби БАФТА и како мини-серија. Најдобра драмска серија е „Top Boy“ (Нетфликс), а меѓународна серија „Class Act“ (Нетфликс), во силна конкуренција на „The Bear“, "The Last of Us" и "Succession". Серијата за британското кралско семејство не доби ниту една од наградите за коишто беше номинирана - четири актерски и уште неколку во другите категории.
- БАФТА за најдобро реално шоу доби „Сквид гејм: предизвикот“, а за настан во живо минатогодишниот Евровизиски пренос од Ливерпул.