- Пред пет дена претседателот на Друштвото на писателите на Македонија поднесе неотповиклива оставка на функцијата од, како што напиша, здравствени причини, откако осум од вкупно девет члена на претседателството се повлекоа од своите позиции.
- Денес, 14.10, тој објавил дека ја повлекува оставката, а во ДПМ се најавува бунт за да запрат обидите за манипулации и за да се овозможи регуларно спроведување на вонредното изборно собрание закажано за 25 ноември за сите раководни позиции и за членови на органите на ДПМ.
- „По барање на голем број членови на ДПМ, ве известувам дека ја повлекувам оставката, бидејќи истата беше изнудена поради притисоци, уцени и закани“, напишал денес Петрески. Медиумите кои побарале објаснување за какви уцени станува збор и од каде доаѓаат тие не добиле одговор на прашањето.
- Канадската писателка и добитничка на Нобеловата награда Алис Манро, почина на 92-годишна возраст во старечки дом во Онтарио. Таа страдаше од деменција повеќе од една деценија.
- Наречена „титан на кратката проза“ и „канадски Чехов“, Манро извршила револуција во архитектурата на кратките раскази. Објавила 14 збирки со кои во 2013 станала првиот добитник на Нобелова за книжевност од Канада.
- Последната книга, „Драг животе“, е излезена во 2012, а дел од расказите се автобиографски. Велела дека туѓите, лошо напишани книги, ја инспирирале, знаејќи дека може подобро. Покрај Нобеловата има добиено и Букер, како и канадската награда Гилер, за „Блуз од мешана крв“.
- Вчера, 12 мај, беа доделени британските телевизиски награди БАФТА. Најголемо изненадување беше признанието за Тимоти Спал за главна машка улога (за серијата „Шестата заповед“). Во својата категорија тој ги победи Брајан Кокс за „Сксешн“ и Доминик Вест за „Круната“.
- „Шестата заповед“ доби БАФТА и како мини-серија. Најдобра драмска серија е „Top Boy“ (Нетфликс), а меѓународна серија „Class Act“ (Нетфликс), во силна конкуренција на „The Bear“, "The Last of Us" и "Succession". Серијата за британското кралско семејство не доби ниту една од наградите за коишто беше номинирана - четири актерски и уште неколку во другите категории.
- БАФТА за најдобро реално шоу доби „Сквид гејм: предизвикот“, а за настан во живо минатогодишниот Евровизиски пренос од Ливерпул.