Таг: Норвешка

На Норвешка малку ѝ се 24 часа на ден, бара 26

Најсеверниот регион на Норвешка побарал од Европската комисија да му даде дозвола да воведе временска зона со 26 часа, бидејќи овие 24 не вршат работа таму горе.

Голот на Фарски Острови вреден историја

Земјата со 50.000 жители и дебитант на ЕП направи сензација во Берлин и извади реми против големата Норвешка и тоа со гол во последните секунди.

Кога повеќе од 90 жени биле убиени затоа што наводно предизвикале бура

Ловото на вештерки се случувал и во изолирани заедници на северот на Европа. Во случајов во Норвешка, каде пред повеќе од 400 години во едно рибарско село биле убиени жени обвинети дека со магиски моќи поттикнале невреме. 

Првата ВАР одлука соопштена на микрофон

Домаќинот Нов Зеланд направи сензација на стартот на Светското фудбалско првенство за жени откако ја совлада Норвешка со 1:0. Во финишот добија и пенал за 2:0, но го промашија. Судијката Јошими Јамашита за прв пат во историјата на фудбалот ја кажа ВАР одлуката да може да ја чуе цел стадион.

Норвешка ајде малку повеќе мулти-култи

Некаков настан во Норвешка на кој се делат некакви си дипломи за којзнае какво достигнување. Еден од луѓето што добиваат диплома е дечко од исламска вероисповест кој прилично доследно ги следи учењата на Исламот, вклучително и делот дека нема што да допира друга жена, па макар тоа да било и ракување. Па да видиш ти навредена Норвежанка, па предавања, па укори.

Норвешка не може да постигне со гранати за топови заради Тикток

Норвешки производител на оружје јавно се пожали дека не може да ги исполни предвидените квоти за производство на муниција затоа што во поширокиот комшилук има и датацентар на Тикток кој ја троши целата струја во регионот.

Србија ја урна Норвешка со лудачки проектил во последна секунда

Најголемото изненадување во 3. квалификацико коло за ЕП 2024 се случи во Нови Сад, каде Србите го совладаа фаворитот Норвешка со 25:24. Урош Борзаш, кој е член на Елверум ја опали за сите пари за спектакуларен финиш во Нови Сад.

Струја ги мавна Норвежаните што возат електрично

Осло толку драстично го поскапе полнењето на електрични возила на градските полначи, што сега тоа може да биде и двојно поскапо отколку полнење резервоар со фосилно гориво. Штета, бидејќи електричните возила за првпат станаа попопуларни и меѓу норвешката сиромаштија, ако постои таква. 

Норвежанка е на суд затоа што тврди дека мажите не можат да станат лезбејки

Норвешката актерка и режисерка Тонје Гјевјон, е под истрага и ѝ се закануваат три години затвор, откако нејзиниот статус околу можноста маж да стане лезбејка беше протолкуван како сериозен говор на омраза.

Како Норвешка стана блесаво богата

Кога кон крајот на 18-от век економистот Томас Малтус прави тура низ Норвешка, тој дава опис на земја која наликува како да е на Балканот во тоа време: сиромашен и необразуван народ, без никаква патна поврзаност и лошо земјоделство. Денешниот опис на земјата ви е познат.

Норвешка да не се прави на будала со профитот од гасот

„Џиновските“ профити што Норвешка ги има направено заради скокот на цената на гасот треба да ги сподели со другите, а посебно со Украина, е пораката од полскиот премиер.

Скандинавската драма во која Шведска ја исфрли Норвешка со серија од 5:0 во финишот

Една од мега битките кои не беа за пропуштање на овој шампион е дефинитивно скандинавското дерби меѓу Шведска и Норвешка. Во ракометот и да си фаворит со комонта предност на крајот, можеш да добиеш неочекуван шамар. Што ти е менталитет.

Шерпасите што ги пробиваат и градат норвешките планинарски патеки

Сакајќи да ги разиграат своите планини, да ги живнат со планинари и да ги направат побезбедни, норвешките власти почнаа да „увезуваат“ Шерпаси од Непал, не за да мкнат планинарски торби, туку за да им ги пробијат и изградат патеките кои се истрошени и инаку не се достапни со механизација.

Бајката на фудбалскиот клуб од крајниот север кој ги потопи Мурињо и Рома

Кај нас познат како Бодо Глимт, во Норвешка го викаат Буда Глимт, а низ Европа Буде Глимт. Било како било, овој клуб сензационално ја згроми Рома на Мурињо 6:1, резултат кој одекна како експлозија во Европа. Да го запознеме одблизу.

Видео од Халанд на 13 години, уште тогаш многу посилен од врсниците

Норвешкиот Stavanger Aftenblad објави ретко видео на кое се гледа како најголемата млада фудбалска ѕвезда на денешницата за која се борат гигантите, уште како мал на 13 години имал разорна левица. Видеото е снимено од меч во балон за фудбал во Норвешка.

Како студениот Норвежанец од крајниот север стана крал во топлиот турски Трабзон

Престојот на младиот норвешки центарфор Александер Сорлот во северо-источна Турција дефинитивно заслужува документарка на Нетфликс. Фудбалот стварно чуда прави.

И во Норвешка како во Кратово, со една мала разлика

Временските услови во ова доба од годината не секаде се идеални за фудбал. Особено не на крајниот север од Европа, во Норвешка каде попладнево еден меч од втора лига меѓу Јерв и Асане се прекинал по само 1 минута игра поради апокалиптично намокрен терен од дожд. Играчите и судиите се повлекле, па настапија машините.

Бајката за шампионот од крајниот север - норвешкиот Лестер кој направи чудо

За првпат во историјата на Норвешка, шампион стана Буде Глимт, најсеверниот првак на светот, основан во далечната 1916-та а кој пред 2 години беше второлигаш.

Норвешка поради 1 позитивен не ја пуштија да излезе од земјата, може да изгубат важни бодови

Тоталниот нон-сенс во однос на глобалната ситуација со вирусот од ден на ден поприма сè поглупави решенија низ светот.

Халанд вози трактор на нива со компири во својот роден крај

Најдобриот млад фудбалер на сезоната во Европа (44 гола на 40 меча за Салцбург и Дортмунд сезонава), Норвежанецот Ерлинг Халанд со уште една фотографија покажа дека летово е спремен да помогне во домаќинството.

Гол во Норвешка за ударна насловна страна

Клубот Бодо Глимт има неверојатен, незапаметен старт во најдобрата норвешка лига. На 8 меча имаат 8 победи со гол разлика 32:8. Ако вака продолжат може да стигнат до историска титула. Синоќа со 2-1 го совладаа Кристианштуд, а победничкиот гол беше страва.

Ерлинг Халанд на одмор собира дрва за зима со татко му

Сезоната во Германија веќе заврши, а Борусија Дортмунд испадна од Лига на шампиони. Затоа Ерлинг Халанд користи летен одмор во родната Норвешка.