Разно

Имотниот лист на рускиот заменик министер за одбрана

Деновиве во Москва беше уапсен Тимур Иванов, руски заменик министер за одбрана и еден од најблиските луѓе на Шојгу. Иванов падна за примање мито „со посебно голем обем,“ наводно некои си 100 милиони долари. Според руски медиуми ова му е вилата и само таа чини околу 21 милион долари, плус има стан во центарот на Москва од 317 метри квадратни.

Сè што не ви е јасно за пљачкосувањето продавници низ Калифорнија

Либералните политики кои ги воведуваат калифорниските законодавци дозволуваат од продавница да украдеш производи во вредност од 949 долари и за тоа да не одговараш. И сумата е ограничена на една кражба, на една локација, после тоа се ресетира, што значи дека дента можеш уште десет пати да крадеш до 949 долари (вклучително и во истата продавница) и пак да не одговараш.

Атина стана портокалова

Атина деновиве изгледаше како да си и ставил портокалов филтер откако беше зафатена од песочна бура што премина од карши од Африка.  Пост-апокалитичната снимка беше дополнета со преполнети болници со Атињани кои се жалат на проблеми со дишење, кашлање и болки во градите.

Австралија, мора ли толку глупо?

Австралија тргна накај Орвеловата 1984 за време на пандемијата и упорно гази натаму. Ви ја покажавме сенаторката која би да го уапси Илин Маск, но орото го води нивниот премиер. Пазете каков дунстер е тоа: Икс морал да цензурира зашто и тој лично видел слики од своја глава ставени на други тела. Видел меме или фотомонтажа, ви текнува? Кај ли учел тој лидершип, во Северна Кореја?

Светлина во забавена снимка

Не е нов пронајдок ама уште ни е фасцинантен. Стадардна филмска камера снима 24 фрема во секунда. На МИТ имаат развиено камера со - пазете- трилион фремови во секунда! Практично, снима како се движи светлината: движење на фотони во една нано секунда, го развлекува во 20 секунди. Да снима куршум како пробива јаболко, снимката би траела година дена.

Колку трпи Алек Болдвин?

Нема поголема офтика од оние активисти кои мислат дека во секој момент и на секое место, другите треба да се произнесат по нивната кауза. Такви беа БЛМ, такви беа шарените кои грдеа луѓе седнати на кафе додека тие „ни ја ослободуваат државата“ (од 6 до 8 пред СЈО, по што доаѓаа во истите кафичи), таква е и оваа која го начека Алек Болдвин и хистеришеше да каже „Free Palestina“. Ние пократко ќе издржевме од него. 

Џабе работи, џабе не седи

Лана Роудс го напушти порно светот после само 8 месеци откако влезе, но тоа беа ударнички 8 месеци. 8 години позрела, сфаќа колку била глупа и искористена од суровата индустрија, водена од искусни мажјаци кои точно знаеле како да убедат 19 годишна девојка да го направи тоа што сакаат да го направи. На неа имаат заработено милиони а таа била плаќана греота: 1.200 долари по сцена (за малку наместо „сцена“ ќе пишевме “комад“, па ни текна дека некогаш беа повеќе комади). 

Васа-1 најстрашното нешто што излегло од Микрософт, до сега

Да, пак е ВИ, само кај ова страшното е што му давате една слика од човек, и потоа тој ви вади цели видеа со него, на кои зборува што и да му зададете вие. Помалку страшниот дел е што може да направи цел монолог на цртани ликови или ликови од слики. И сето ова го прави со акцент и природни движења.

Службите си работат

Такер Карлсон објаснува како не е важно кој е на власт во Америка и колку се излишни сите оние комитети и комисии за контрола на американскиот разузнавачки апаратус. Службите си работат.

На иранската армија и попушти вентилот

Сè ова наводно е ненамерно. За време на некоја локална воена парада во Иран, на водениот топ му се активираше баш страничниот топ, баш кога минуваше покрај бината со функционери и офицери. Нема информација што казна попил топџијата.

Дупчето во швајцарското ноже

Главно јасни се сите тие додатоци во фамозното швајцарско армиско ноже и за што служат. Некои за сечење, има тука отворач за конзерва, отворач за тапи, турпија, ножички... Но, на едно од ножињата има и едно дупче за кое не бевме сигурни за што е. За шиење да ти било. Еве како се користи.

Коли крај патот

Покрај украинските автопатишта во близина на граничните премини периодов преку ноќ почнаа да никнуваат автомобили. Излезе дека новата појава е поврзана со носењето на новиот закон за мобилизација во Украина и Украинци кои се обидуваат да куртулат од истиот. Снимкава е направена во близина на Молдавија.

Новите „канџи“ брзо попуштија

Американската полиција воведува нови „канџи“ за погрешно паркирани автомобили кои наместо на тркало одат на шофершајбна. За разлика од овие што се на тркало, новите се прицврстуваат за шофершајбна со лепенки. За кратко време, на некого му текнува да проба да пушти греење на шофершајбна да види што ќе се случи. Се случува одлепување.

Олаф Шолц во Кина пречекан од заменик градоначалник

Својата кинеска турнеја германскиот канцелар, придружуван од чета министри и бизнисмени, ја почна во градот Чунцин, каде германската делегација на аеродромот беше пречекана од заменик градоначалниката на Чунцин и кинескиот амбасадор во Германија.

Кога мислиш дека пари ќе те спасат од природа

Сопствениците на куќи во прв ред на брегот кон Атлантикот во Салсбури, Масачусетс, платиле пола милион долари за песок да биде истурен и наместен пред нивните куќи, како одбрана од ерозијата и океанот. Се работи за 15.000 тони песок кој 5 седмици се мести во форма на дина. Кога доаѓа ред на природата, бедемот издржува неполни три дена.

Бојата на поротата

Судењето на О Џеј Симпсон (ноември 1994 - декември 1995) се одвиваше во атмосфера на висока расна нервоза и недоверба кон полицијата предизвикана од претепувањето на црнецот Родни Кинг, некоја година претходно. Денес имаме шокантно сведочење на (црна) жена од поротата која го ослободи О Џеј Симпсон: на 90% од поротата им било јасно дека тој го има убиено бившата и нејзиниот партнер но донеле таква одлука заради „вратка“ за Кинг.

Како изгледаше ВИ кошмарот во 2003

Во Терминатор 3 од 2003 кога САД го активираат Скајнет тој почнува да работи под полна пареа со компјутерска моќ од 60 терафлопи. За перспеткива тоа денес е помалку од капацитетот на две Нвидиа РТХ 3080 графички картички.

Не следете ги парите, следете ги политичарите, тие ќе ве одведат до парите

Дечкото со години следи во што инвестираат крупни политичари и ги купува истите акции. Вика, функционира. Инаку, како ултра-ветеранката на американската политичка сцена, Дајана Фајнстин, која замина на 90 години со плата од скромни 130.000 долари годишно, претходно продаде зимска вила во Аспен за 25 милиони долари и летна куќа на езерото Тахо за 36 милиони?

Ако не сфаќавте, како бевте толку сигурни?

Бил Гејтс денес: „Тогаш не сфаќавме дека ковидот има доста ниска стапка на смртност и главно ги погодува старите лица, нешто слично како грип...“ Точно тоа кое го зборуваа не само заколнати анти-ваксери туку и разумни и упатени луѓе уште пролетта 2020 година, кои потоа мораа да пројдат низ медиумски линчови во време на карантинската правоверност.

Ова со даноците истото важи и тука

Буквално што и да правиш, како и да правиш за сè плаќаш данок, некогаш и по неколку пати, и на крај пак најголем дел од ова „сè“ не функционира. Тоа не значи дека утре нема пак да платиш данок.

Роберт Ф. Кенеди го кажа убиецот на татко му

Да, Сирхан Сирхан пукаше врз сенаторот Боби Кенеди за што ден-денес лежи робија (53 години е зад решетки, лани последен пат му беше одбиена молбата за помилување), но помалиот брат на Џон Кенеди не бил убиен од него. Сирхан пукал двапати но го промашил Кенеди по што бил соборен па го допукал шаржерот во спротивна насока. А Кенеди е убиен одзади од полицаец кој е ангажиран ден претходно. Многу трагови водат кон ЦИА. 

Британијо кревај рачна

Однесувајќи се како се уште да живееме во времето кога „сонцето никогаш не заоѓа врз британската империја“ Британците ги интересира дали Кина нив ги смета за конкуренти, непријатели, закана или сојузници. Кинезите (Виктор Гао) им објаснуваат дека не ги сметаат, за ништо.

Демократија по американски

Не е прашање дали, туку колку бомбардирање (ако претходно не успееше комбото НГО, УСАИД и слободари) ќе имаше врз држава во која актуелниот претседател го покрева целиот правосуден систем за да го банкротира и казни својот главен противкандидат и најверојатен победник на изборите. Чамат Палиапитија и Дејвид Сакс, околу упорните обиди на секој начин да се спречи Трамп да се појави на гласачкото ливче во САД.

Како храната за растенијата ја прогласивме за загадувач?

Ако јаглерод диоксидот е само 0,04% од целата атмосфера на Земјата а човечкиот удел во таа маса е 3 проценти, тогаш борбата против јаглерод диоксидот е како да кажеш дека на Камени мост има едно зрно шеќер што е доказ дека е валкан и дека прво тоа треба да се среди па сè друго.