Како храната за растенијата ја прогласивме за загадувач?

Ако јаглерод диоксидот е само 0,04% од целата атмосфера на Земјата а човечкиот удел во таа маса е 3 проценти, тогаш борбата против јаглерод диоксидот е како да кажеш дека на Камени мост има едно зрно шеќер што е доказ дека е валкан и дека прво тоа треба да се среди па сè друго.

Ко-основачот на Гринпис, доктор Патрик Мур:

„[СО2] е најважната хранлива материја за целиот живот на Земјата, и без неа, ова би била мртва планета... Јас сум цврсто уверен дека иднината ќе покаже дека целата оваа хистерија за климатските промени беше целосна фабрикација“.

Геологот проф. Иан Плимер:

„Никој сè уште не покажал дека човечките емисии на јаглерод диоксид го поттикнуваат глобалното затоплување, а ако го покажат тоа, ќе треба да покажат и дека природните емисии - а тоа е 97% - не го поттикнуваат глобалното затоплување.

„Гледано со геолошки очи, во минатото имаше времиња со многу висока содржина на јаглерод диоксид во атмосферата, до стотици пати поголема од сега, а немавме глобалното затоплување... Она што го имавме се шест големи ледени доба, и во геолошки размери, нема корелација помеѓу јаглерод диоксидот во атмосферата и температурата“.

Ако ги сакате растенијата, набавете си ваква:

7 април 2024 - 12:49