Тие што ќе одбијат вакцина, треба да се откажат и од респиратор

Секој што од себе познати причини нема да сака да се вакцинира против ковид-19, би било поштено да се откаже и од користење интензивна нега (ако не дај боже затреба).

Ниту вентилатор, ниту кои било други мерки не треба да им следуваат на анти-ваксерите, е ставот на генетичарот и членот на германскиот Етички совет, според кого медицинските одлуки не треба да им бидат оставени на луѓето што веруваат во теории на заговор.

„Секој што директно ќе се откаже од вакцинирање, треба исто така со себе секогаш да носи документ на кој пишува:

’Не сакам да бидам вакциниран. Сакам заштитата против болеста да им ја оставам на други! И сакам, ако се разболам, да го оставам мојот кревет на интензивна нега и респираторот на други,“ изјавил Волфрам Хен за Билд.

Хен целосно ги поддржува и разбира прашањата и критиките околу вакцинацијата, меѓутоа препорачува луѓето да се потпираат на советот на „луѓе кои навистина се разбираат во тоа што го работат“, и дека научниците низ целиот свет работеле во пеколно темпо „но тоа никогаш не било по цена на безбедноста.“

„Во рок неколку месеци ќе има класични коронавирус вакцини, како оние што низ децениите се докажаа милијарди пати против грип и хепатитис,“ порачува Хен.

За анти-ваксерите, луѓето што не веруваат во коронавирусот и слични заговори, Хен има една кратка показна вежба:

„Итно им препорачувам на сите нив да одат до најблиската болници и да ги престават своите теории на заговор на докторите и медицинските сестри кои само што излегле комплетно истоштени од преполните одделенија за интензивна нега“.

21 декември 2020 - 10:31