Ново Нордиск: Допрва ќе ве слабееме

Иако неделата ја започнаа со мал пад, акциите на Ново Нордиск не го губат моментумот, добиен од глобалната популарност на нивните лекови за слабеење, Оземпик и Вегови. На берзите никој не се сомнева во иднината на компанијата која стана важна не само за нејзините акционери туку и за данската економија.

Ќе требаат години за Ново Нордиск да ја задоволи побарувачката за нивниот блокбастер лек за слабеење, порача извршниот директор на компанијата потсетувајќи дека само во САД има над 100 милиони дебели Американци.

„Само ја загребавме површината“, вели ЦЕО-то Ларс Јоргенсен за Оземпикот и сродниот Вегови, оригинално произведени како лекови за дијабетис кои доживеаја глобален пазарен бум откако добија дозволи да се користат и како средства за губење килограми.

Команијата годишно инвестира 4 милијарди долари за проширување на производствените капацитети. 

Компанијата неодамна достигна вредност од 428 милијарди долари и стана највредната компанија на континентот. Бруто домашниот производ на Данска во првата половина од оваа година пораснал за 1,7%. Без фарма секторот и Ново Нордиск, растот ќе бил само 0,3%.

Оваа недела започна со пад на акциите од 3% поради извештајот на агенцијата за финансиски вести Маркет Вајр дек американските регулатори регистрирале пропусти во контролата на квалитетот во фабриката на Ново Нордиск во Северна Каролина.

Падот сепак се оценува само како привремена аритмија на акциите на компанијата кои оваа година пораснаа за 40%.

Види и:

Треба ли да се купат акции од Ново Нордиск пред 20-ти септември?

18 септември 2023 - 14:17