Научници шокирани и алармирани што откриле во вакцините

Оние љубители на теории на заговор кои 'ние паметните' редовно ги шлакаме, пак ќе испаднат во право.  Регулаторите ширум светот повторуваа дека не постои начин новиот тип вакцини кои се користеа за ковид, таканаречените мРНК вакцини, да прават шашми со човечката ДНК. И глеј сега.

Додека изведувал експеримент во неговата лабораторија во Бостон на почетокот на 2023, Кевин Меккернан, научник кој се бави со геномика, дошол до случајно откритие, користејќи како контрола ампули со мРНК вакцини од Фајзер и Модерна. 

Бил „шокиран“ кога открил дека тие биле контаминирани со ситни фрагменти од плазмидна ДНК. Меккернан, кој има 25-годишно искуство во својата област, го повторил експериментот и му се потврдило дека ампулите биле меѓу 18 и 70 пати повеќе контаминирани со ДНК од законските граници дозволени од Европската агенција за лекови (ЕМА) и амеруиканската ФДА.

Особено вознемирувачки било присуството на промотер SV40 во вакцините на Фајзер.

Ова е секвенца која „...се користи за внесување на ДНК во јадрото, особено во генетските терапии“, објаснува Меккернан.

Ова е токму она што регулаторните агенции ширум светот упорно повторуваа дека не е можно со мРНК вакцините.

Други научници ги потврдија наодите на Меккернан, иако со различно ниво на  контаминација, во зависност од сериите. Еден од овие нив е и експертот за геномика на ракот, д-р Филип Бакхолтс, кој беше поборник на мРНК вакцините.

„Некако вознемирен сум поради тоа што оваа ДНК е во вакцината - таа се разликува од РНК, бидејќи може да биде трајна“, рече тој неодамна, на сослушување во Сенатот на Јужна Каролина.

Бакхолтс предупреди дека постои многу реална опасност фрагментите на контаминантната ДНК да се интегрираат со геномот на една личност и да станат „траен придружник на клетката“ што ќе доведе до автоимуни проблеми и карциноми кај некои луѓе кои примиле вакцини.

Овие промени во геномот може да „траат со генерации“, пренесува австралиски Спектатор.

28 септември 2023 - 09:07