„Оревокршачката“, во маалото близу вас

Американските групите за планирање на родителството ја изгубија битката околу правото на жените на слободен избор по одлуката на Врховниот суд за абортусот. Но, жените се само половина од битката. Сега се фокусирани на другата половина, мажите, на кои им се нуди бесплатна вазектомија. 

Организирале мобилна клиника за вазектомија која, за почеток, ќе понуди 60 бесплатни стерилизации за мажи во Сент Луис, Спрингфилд и Мисури. Потоа ќе одат во Јута со понуда за 40 гага стерилизации итн.

Докторот кој работи во таа мобилна клиника, нагалено ја вика „Оревокршачката.“

Вика дека планира да понуди попуст и во неговата клиника во која се изведуваат такви зафати и се чуди што нема поголема заинтересираност кај мажите, кај кои вазектомијата се изведува многу поретко отколку женската стерилизација, иако првата е поевтина, се изведува само со локална анестезија и потребно е помалку време за опоравување.

Групата за планирано родителство не поседува бројки на национално ниво како стојат работите на оваа тема, но велат дека во последните 100 дена, пребарувањата информации за вазектомија имале пораст од 53%.

Врховниот суд во својот последен состав ја укина одлуката на своите колеги од 1973 година со која правото на абортус беше гарантиран на федерално ниво.

Веќе реагираа законодавците во оние држави кои не се задоволни од ваквата одлука. Калифорнија донесе закон кој ќе влезе на сила во 2024 година со кој ќе се поевтини машката стерилизација и таа ќе биде призната и со приватни здравствени полиси, без дополнителни трошоци.

8 ноември 2022 - 15:05