Критичниот агол на писоарот

Во недостаток на други предизвици, американски оддел за флуидна механика решил да истражи кој облик на писоар најмалку „прска“. Имаат фаворит иако експертите за флуидна механика ја потценуват способноста на сељачиштата да му најдат слаба страна и на идеално дизајнерско решение. 

Посетителите на тоалети можат да очекуваат почисти простори и подови, доколку се прават писоари чија дизајнерска тајна е млазот на една личност, без разлика каде е насочен, да удира во порцеланот под плиток агол, објаснуваат од научниот магазин Сајензњуз.

Тоа е квинтисенција на трудот на Одделот за флуидна динамика во Индијанаполис.

„Со доволно мал агол, нема прскање!“, гласи „еуреката“ на машинскиот инженер Жао Пан од Универзитетот во Ватерло во Канада.

Тој го нарекува аголот каде што престанува прскањето „критичен агол“ и тврди дека одржување на тој агол е клучен за спречување или намалување на прскањето.

Победнички дизајн е оној чија внатрешност потсетува на школка од внатре, кој не прскал без разлика на висината од која доаѓа млазот.

„На подот немаше ни една капка!“, победоносно констатира еден помлад истражувач.

Вториот од десно.

27 ноември 2022 - 10:34