Не си го продавај Кољо паркингот

Во една прилично напната аукција, жена од Бостон купила две паркинг места во едно од најпроблематичните места за паркирање во градот, по цена од - пола милион долари.

Паркинг местата за кои беа платени 560.000 долари

Битката била околу паркинг во една од најбогатите населби на Бостон, Бек Беј. Двете паркинг места (едно до друго) биле запленети од даночниците, од маж кој должел 600.000 долари за неплатен данок.

Иако почетната цена на аукцијата била 42.000 долари, Бостон Глоуб пишува дека во рок од едвај минута учесниците почнале да се наддаваат во 6-цифрени бројки, за некои си 15-на минути подоцна да завршат на сумата од 560.000 долари.

За перспектива, средната цена за куќа/стан за едно семејство во Бостон, чини околу 320.000 долари.

"Ова беше малку поскапо отколку што планирав дека ќе биде," признала новата сопственичка Лиса Блументал која поседува куќа во вредност од 5,8 милиони долари.

Таа за Глоуб изјавила дека веќе има место за паркирање, меѓутоа новите две позиции и требале за "гостите и вработените."

Ова не е најскапо платеното паркинг место во градот. Во истата населба, во 2009-та, паркинг за еден автомобил беше платен 300.000 долари.

14 јуни 2013 - 20:04