Католици вс. фиџет спинери

Да не биде дека "чеканот во сè гледа шајка" ама длабоко упатени католици видоа ерес во фиџет спинерот и неговото поврзување со Светото Тројство.

Интерпретација на Светото Тројство (отец, син и свет дух) сама по себе во најмала рака знае да биде комплицирана и разнолика, дали е еден, дали се повеќе богови, кој што на кого е. (За сега сме на: Господ е сите три лика и отецот и синот и светиот дух, и сите овие три се одделни и различни еден од друг, ама сепак Господ е еден.)

Како што насекаде почнаа да се вртат спинерите, така  полека почнаа да се појавуваат и на американските неделни црковни миси. Ова доведе до дебата во која постои следниот страв:

"Мислам дека вртењето на играчките е проблематично, бидејќи тоа визуелно покажува конфузија на ликовите како нивната единственост да може се измеша, а не дека тие се совршено засебни еден од друг."

На сајтот за католички вести, Крукс, отецот Џефри Кирби дава аргумент во корист на спинерите:

"Верувале или не, манијата што деновиве владее меѓу младите околу фиџет спинерите може да биде чуден, но многу реален повик за молитва. Како што човек ја гледа потребата за ментален одмор... таа може да сфати дека има пошироки и подлабоки начини за такво закрепнување и подмладување."

Дел од забелешките се и дека е ерес спинерот да се спореди со Светото Тројство и дека ова е само уште еден обид да се симплифицира Светото Тројство:

"Да се спореди Светото Тројство со фиџет спинер е правење ерес, бидејќи тоа ја поткопува целосната божественост на секој лик, бидејќи наведува на тоа дека секоја од нив е само дел од триделен Господ... Светото Тројство е величествена мистерија. Нека биде тоа доволно."

29 јуни 2017 - 14:23