Да ги слушнеме економистите

300 угледни американски екомомисти меѓу кои и тројца Нобеловци потпишаа петиција со која бараат Барак Обама да посвети целосно внимание на наодите на нивен колега дека легализацијата на марихуаната може да и заштеди огромни пари на државата.

Се работи за студијата на Џефри Мирон од Харвард според која легализацијата на марихуаната на САД би ѝ заштедиле над 13 милијарди долари годишно: 7,6 милијарди затоа што нема да се троши на спроведување на забраната (полиција, судство, обуки итн) и дополнителни 6 милијарди ако марихуаната се оданочи со акциза како алкохолот и цигарите.

Економските авторитети отворено не заговараат легализација но инсистираат администрацијата да прифати јавна и отворена дебата за сите аспекти на ова прашање.

Според други пресметки, ќарот би бил далеку поголем од оној кој го предвидува Мирон и би се движел меѓу 45 и 100 милијарди годишно.

Најблиску до легализација беше Калифорнија која во 2010-та со тесно мнозинство го одби ваквиот предлог.

19 април 2012 - 09:16