Пол Ален издаде рок албум

Ко-основачот на Микрософт во средношколските деновите имал само две желби, да програмира и да свири гитара. На 60 години, му дошло време да си ја исполни втората желба. 

Пол Ален е милијардер, филантроп, ко-основач на гигантот Микрософт, сопственик на три професионални спортки екипи и од пред некое време има албум.

Албумот се вика "Everywhere at Once" и го потпишуваат Paul Allen and the Underthinkers. 13 олд-скул рок блуз песни на кои Ален е коавтор. Криси Хајнд од Притендерс, луѓе од Лос Лобос и Иглс се појавуваат како гости на албумот.

"Снимањето ми дојде како награда. Низ годините собравме 70-тина песни и требаше да одбереме само дел од нив. Во животот имав среќа да свирам со некои од најголемите гитарски имиња на светот и ќеиф ми е што некои од нив ми беа гости на албумот," изјави стариот рокер.

Малку мекичка, гитарска музика, не толку лошо. Еве чујте.

Претходно, албум издаде и основачот на Групон, Ендру Мејсон, помпезно замислен како музика за инспирација на млади бизнисмени и претприемачи.

12 август 2013 - 11:52