Баш топ

BBC ја обелодени листата на своите најплатени ликови и на прво место е авторот на глобално популарното авто-мото шоу Top Gear. 52 годишниот Џереми Кларксон лани од него заработил преку 3 милиони фунти.

Шест ТВ лица на BBC заработуваат преку еден милион фунти годишно. Кларксон технички не е на таа листа бидејќи недговите приходи од шоуто не доаѓаат првенствено од хонорари туку од дивиденда.

Компанијата која заедно со BBC стои зад Top Gear поделила 9 милиони фунти дивиденда, три повеќе од претходната година. Пари има благодарејќи на меѓународниот успех на емисијата.

Од тоа Кларксон земал 2,7 милиони фунти а од BBC добил и паушал од 350.000 фунти.

Втор најплатен човек на BBC е поранешниот фудбалски ас Гери Линекер кој е водител на емисијата Match of the Day со плата од 2 милиони фунти годишно.

Платата на актуелниот генерален директор на куќата е намалена од 779.000 на 622.000 а неговиот наследник ќе работи за 450.000 фунти.

 

17 јули 2012 - 09:05