Германска забава за цело семејство

Во догледно време во Германија инцестот би можел да биде легализиран откако тоа го побара германскиот етички комитет.

Националниот етички комитет на Германија побарал декриминализација на инцестот по основа на случајот со извесен Патрик Стубинг кој откако како мал бил посвоен, во своите 20-ти години ја запознава својата биолошка сестра со која започнуваат интимна врска.

Во 2008-ма е осуден на 3 години затвор а во меѓувреме ја губи апелацијата на Европскиот суд за човекови права каде се повикува на правото на семеен живот.

Наспроти опасностите деца од вакви врски да бидат родени со аномалии, германскиот комитет проценил дека ризикот не е толкав за да се гонат таквите родители. 

Исходот на гласањето бил 14 наспроти 9 во полза на декриминализацијата на инцестот.

"Инцестот е редок во западните општества но оние кои живеат во таква врска сметаат дека се ставени во тешка положба и дека се принудени да ја кријат својата љубов," се вели во соопштението на етичкиот комитет на Германија.

Повикувајќи се на податоци од институто Мак Планк, The Inquisitr пренесува дека меѓу 2 и 4 проценти Германци живеат во инцестни врски. 

10 јули 2015 - 10:58