Со плескавиците да не ја повториме грешката како со „растителниот кашкавал“

Производителите на месо веруваат дека е вистински момент да се дефинираат некои обични термини како „месо“ „телешко“ и други, пред оние вештачки лабораториски варијанти да почнат масовно да ги збунуваат луѓето. Ентони Бордејн пак, ваквите „меса“ ги смета за непријатели.

Асоцијацијата на американски сточари на 15 страни петиција побара од Департменот за земјоделство и храна, Вашингтон да издаде официјално дефиниции што е месо, што е телешко месо, што е свинско месо...

Ги секираат компаниите како „Impossible Foods“ и “Beyond Meat“ кои ги убедуваат вегетаријанците дека можат да уживаат во вкусот на месото без да чувствуват грижа на совест околу животните.

Велат дека алтернативните протеини не се закана за нив, но неадекватното етикетирање може корисниците да ги доведе во заблуда. Како на пример кога на нешто ќе напишат „чисто месо“. А чисто е, само што не е месо.

„Сакаме да ја пресретнеме ова тема пред таа да стане поголем проблем“, велат од асоцијацијата.

Без убивање животни, лажните плескавици се добиваат со матични клетки од животното, притоа се користи нешто што се вика растителна крв (од молекула наречена хем), се додава брашно, компир, кокосово масло... И на крајот, тоа изгледа црвено, чрчори на скара, потемнува исто како месото а промотерите велат дека и вкусот бил идентичен.

„Си го питам“, резонира Тони Бордејн.

4 април 2018 - 15:06